Кардиналот Оулет е најчесто приман на аудиенција од Папата

Ватикан, 13.5.2013 /к.мк/ – Префектот на Конгрегацијата за именување епископи, кардинал Марк Оулет, во сабота 11 мај е примен на аудиенција од папата Фрањо. Канадскиот кардинал после водечките лица од Државниот Секретаријат е најчесто приман на аудиенција од страна на новиот папа Фрањо. Во првите два месеци од понтификатот, тој практично секоја недела има термин за аудиенција, петок или сабота – како и кај неговиот предходник Бенедикт XVI. На тие средби, кои се одржуваат во домот Света Марта со Папата разговара за актуелните случувања од неговите надлежности, посебно за именување на нови епископи. Префектот на Конгрегацијата за вера, архиепископот Герхард Лудвиг Милер, исто така редовно на секој 14 дена е на аудиенција кај Светиот Отец. Средба со останатите раководители од ватиканската курија се одржува кога за тоа има потреба.

Во првите недели од понтификатот, папата Фрањо ги покани на разговор сите раководители на ватиканската курија со цел да се информира и запознае со нивната работа. Во сабота го прими италијанскиот кардинал Антонио Веглио, претседател на Папскиот совет за мигранти.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<