Кардиналот Милер на Меѓународната меѓурелигиска конференција за „Комплементарноста на мажот и жената“

Во Ватикан, во понеделник 17 ноември, започна тридневниот меѓународен меѓурелигиски колоквиум на темата „Комплементарност меѓу мажот и жената“ на кој се собраа 400 експерти од целиот свет, претставници на 14 религии.

На машкиот пол му е потрбен женскиот, зашто само во заедништво со другиот пол можеме да бидеме потполни; комплментарноста помеѓу мажот и жената е гаранција за иднината на општеството. Ставот е заеднички за јудаизмот, христијанството, исламот, и за сите религии присутни на тридневната конференција во Ватикан, на која учесниците, пред предизвиците на модерните времиња, ја истакнаа основната вредност на семејството составено од маж и жена. Во организацијата на оваа конференција се вклучени и четири ватикански дикастерии: Папскиот совет за семејство, за меѓурелигиски дијалог, за промовирање на единството на христијаните, и Конгрегацијата за науката на верата, чиј префект, кардиналот Герард Милер, ја отвори работата на конференцијата.

Осврнувајќи се на конференцијата, кардиналот Милер во разговорот за Радио Ватикан потсети како Светиот Отец ја истакна важноста на бракот и семејството,  што е и важна тема за неговото папство, бидејќи тие се неопходни за целото општество. Бракот не е само тема за католичката теологија на нашата Црква, туку има важна улога и во создавањето. За сите големи религии во светот односот меѓу мажот и жената е важна тема – рече кардиналот.

Без семејство, без деца, нема иднина, нема надеж; без татковска и мајчина љубов кон децата нема добар развој на личниот идентитет било за поединецот било за општеството, како нѝ за идентитетот во односот со другите – додаде кардиналот, истакнувајќи дека човечкото достоинство не го гарантираат само јавните државни институции, туку тоа започнува во моментот од искуството на родителската љубов, растењето заедно со браќата, дедовците и бабите, чичковците, тетките…

Потсетувајќи се на тврдењата на Папата дека поимот семејство и брак не е некој културалошки поим, дека доаѓа со некоја култура и така му е одредено да исчезне, туку таа е значајна димензија и основен дел од човечката суштина, кардиналот Милер истакна дека не смееме да дозволиме да не збуни и исплаши денешната идеологија. Имаме подобри аргументи: евидентно е дека без семејството, кое поминува низ бракот, низ љубовта помеѓу мажот и жената, нема развој на човечкиот род – рече префектот на Конгрегацијата за наука на верата.

На забелешката на новинарот дека е важно да се зборува за поимот на природниот закон, кој можеби е погрешно разбран во современата дебата, кардиналот Милер истакна дека природниот закон не го донел некој парламент; тој е спасителски план кој Бог го всадил на сѐ што создал; тоа е неговата Љубов, присутна во нашата свест, во нашата способност за разликување на доброто од злото, за разликување на вистината од лагата, а која ја опфаќа и човечката интелигенција, човечкиот разум.

На крајот изрази надеж дека на споменатата конференција ќе биде истакна важноста на љубовта и заедништвото меѓу мажот и жената, кои се раѓаат во потполна слобода, како и одговорността кон децата, на кои љубовта на родителите им е потребна. Родителската љубов за децата е како сонцето и дождот; без нив ниедно растение не може да расте – рече кардиналот Милер.

РВ//З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот