Во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол накратко се известува за втората мисија на кардиналот во Москва, како Папски пратеник. Остварени се институционални состаноци со министерот Лавров, советникот Ушаков и комесарките Лвова-Белова и Москалкова: беше оценето што е направено за враќање на малолетниците во семејствата и размена на затвореници, ранетите и посмртните останки на загинати. Кардиналот разговараше и со митрополитот Антониј за хуманитарни прашања
Посетата на кардиналот Матео Марија Зупи на Москва овозможи да се разгледаат некои перспективи за хуманитарна соработка и да се отворат патишта за постигнување мир – се истакнува во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол по повод втората посета на претседателот на Италијанската бискупска конференција во Русија од 14 до 16 октомври, како Папски пратеник за мисијата што му ја довери Светиот Отец.
Институционални состаноци
Заедно со претставник на Државниот секретаријат, кардиналот Зупи – како што се наведува во соопштението – се сретна со Сергеј Лавров, министер за надворешни работи, Јуриј Ушаков, советник на претседателот на Руската Федерација за надворешна политика, Марија Лвова-Белова, комесар за права на децата и Татјана Москалкова, комесар за човекови права. Разговорите овозможија да се процени што е досега постигнато за враќање на малолетниците во семејствата и размена на затворениците, ранетите и посмртните останки на загинати – стои во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Разговор со митрополитот Антониј
За време на посетата, се наведува во соопштението, кардиналот остварил средба и со митрополитот Антониј, началник на Одделот за надворешни црковни работи на Московската патријаршија, со кого разговарал за различни прашања, особено за хуманитарни. Во целина, посетата овозможи да се разгледаат некои перспективи за продолжување на хуманитарната соработка и отворање на патишта за многу посакуваниот мир – се посочува во соопштението од ватиканската Канцеларијата за печат.
Ватикан њуз/к.мк