Кардиналот Жан Луиз Туран официјално стана кардинал камерленго

Кардинал Туран во понеделник официјално стана кардинал камерленго, кој се грижи со управувањето на Црквата за време на седесваканцијата.

Кардиналот Жан Луиз Туран, претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог, во понеделник 9 март во капелата Папа Убран VIII со читање на заклетвата ја презема должноста камерленго на Светата Римска Црква. Светиот Отец го предводеше краткиот обред. После заклетвата, кардиналот Туран му се заблагодари на Светиот Отец за укажаната доверба.

Камерленгото е кардинал кој е задолжен за Апостолската комора, се грижи за управување со временските добра и правата на Светиот Престол за време на седесваканцијата (испразнет апостолски престол). Во тој период камерленгото продолжува да ја извршува својата должност, го известува кардиналскиот колегиум за сето она за што би требало да биде известен Врховниот свештеник. Светиот Отец кардиналот Туран го именува за камерленго на 20 декември 2014 година, а го наследи кардинал Бертоне.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот