Кардиналите Кох и Ајусо го коментираа значењето на 2 март, Пепелница, кој Папата го прогласи за ден на пост и молитви за мир. Двајцата кардинали потсетија на важноста на молитвата како знак на солидарност за оние кои живеат во трагична ситуација.
Расте загриженоста за војната во Украина ширум светот. Кардиналот Курт Кох, претседател на Папскиот совет за промовирање на христијанското единство, и кардиналот Мигел Анхел Ајусо Гишо, претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог, се приклучија на апелот на Папата од минатата среда. Исус нè научи дека на ѓаволската безумност на насилството се одговара со Божјото оружје, молитвата и постот – рече тогаш папата ги повика сите верници, но и оние кои не веруваат, да го направат 2 март, Чиста среда, ден на молитва и пост за Украина.
Кардинал Кох: Многу луѓе имаат чувство на беспомошност; во овој момент важно е да се довериме на Бога
За нас католиците, Чиста среда – Пепелница веќе е ден на молитва и пост, рече кардиналот Курт Кох, нагласувајќи дека Папата ги повикува сите – христијаните од другите цркви и сите луѓе – да се придружат на оваа молитва за мир. Тоа е начинот да бидеме солидарни и обединети, особено затоа што, рече кардиналот Кох, кога има војна, луѓето имаат впечаток на беспомошност и се прашуваат што треба да прават. Во овој момент, многу е важно да се верува на Бог, објаснува кардиналот Кох, бидејќи Бог сака мир и во никој случај не сака војна. Затоа, јавната молитва е апел до совеста на сите оние кои имаат власт над војната и мирот, повик да ја прочистат својата совест, за да немаат мисли за војна, туку за мир, рече тој. Дополнително, молитвата за мир е знак на солидарност со сите оние кои страдаат, кои се во многу трагична ситуација, кои мора да ги напуштат своите семејства, домови. Молитвата е знак за овие луѓе, затоа што има дава до знаење дека не се сами, дека има такви кои мислат на нив и се молат за нив – истакна кардинал Кох.
Кардинал Ајусо Гишо: Различни верски традиции поврзани во молитва
Кардиналот Мигел Анхел Ајусо Гишо ја изрази својата благодарност до Папата што ги охрабри сите да се молат како членови на едно човечко семејство. Кардиналот ги охрабри верниците од различни верски традиции да се приклучат на иницијативата на Папата и ја истакна важноста што различните верски традиции им ја придаваат на постот и молитвата. Обраќајќи се како претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог, тој особено ги повика водачите на различни верски заедници и традиции да се приклучат на денот на молитва и пост за Украина. Кардиналот Ајсуо Гишо изрази надеж дека молитвите и постот на сите ќе придонесат за мир во светот.
Ватикан њуз/к.мк