Капитенот на Хрватска нема да носи лента во боите на виножито на Светското првенство во Катар
На претстојното Светско првенство во Катар капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ нема да ја носи капитенската лента во боите на виножитото.
Имено, Светската фудбалска федерација (ФИФА) се најде под голем притисок од неколку европски федерации кои бараа нивните капитени на Светското првенство да носат ленти со боја на виножито.
Кампањата „Една љубов“ против дискриминацијата во фудбалот започна во Холандија, а осум од тринаесет европски репрезентации ќе ја носат лентата со боите на виножитото (Франција, Германија, Холандија, Швајцарија, Англија, Велс, Белгија и Данска).
Во кампањата не учествуваат Хрватска, Србија, Португалија и Шпанија, додека капитенот на Полска Роберт Левандовски ќе носи лента околу раката со боите на украинското знаме.
Меѓугорје инфо/к.мк