Канадските бискупи кај папата Фрањо

Канадските бискупи кај папата Фрањо

На 27 март 2017 година, папата Фрањо ги прими во аудиенција членовите на Бискупската конференција на Западна Канада, по повод нивната посета „Ад Лимина“.

Бројните се општествените предизвици и пасторални проблеми кои се наоѓаат пред Католичката црква во Канада, во таа земја која, во последните неколку децении, се вброи меѓу оние во кои секуларизацијата е најмногу истакната. Освен тоа, таа е земја која се смета за најнапредна што се однесува до оправдувањето на контроверзните постапки кои поттикнуваат етички прашања, како што се потпомогнато оплодување и сурогат мајчинство, клонирање луѓе, евтаназија и потпомогнато самоубиство и хомосексуалните заедници.

На простор голем како Европа, во поголем дел ненаселен, Канада има 35 милиони жители, со целиот мозаик на народи распоредени на две културни и јазични подрачја, англиско и француско. Повеќе од 40% од населението го сочинуваат крстени католици, една третина протестанти, 2% муслимани, и по 1% Евреи, будисти и хиндуисти.

Затоа е потребно големо заземање на канадските бискупи, и тоа во врска со бројните отворени прашања, за да се внесе евангелската порака повторно во срцето на секој човек, а човечкото битие да се стави во центарот на општетсвото. Упорно е проповедањето на Црквата за мир во светот, за разоружување, одржлив развој и заштита на животната средина, како и за општествената праведност, заштитата на домородните народи, за мигрантите и бегалците, и за сите кои се исклучени од општетсвената благосостојба. (…)

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот