Камени скали
Ниту едно создание никогаш не ја достигнало духовната висина на Блажена Дева Марија. И никој не ја достигнал со повеќе едноставност. Во нејзината кариера немало тешки семинари за аскетизам и мистика. Тоа било кујната, кокошарникот, перење, имало работа и болка. Преку тие елементи таа од момент во момент се воздигнувала кон Бог.
Зборовите и настаните со божествено потекло Марија ги чувала и собирала во своето срце. Нејзините раце работеле, а душата молела: љубејќи таа секој ден се приближувала кон Бог.
Да се наследува Марија… и така да се стане свет во својата ситуација, независно од околностите, претворајќи ги настаните, зборовите, чувствата, навредите и болките, љубовта и радоста, напорите и болестите и несреќите во материјал за аскетизам. Тие се камени скали за раст кон Бог, трнова круна за наследување на Христос, покора од секаков вид за благородност на срцето. Постојат уште многу бидејќи улицата е полна со пречки во сообраќајот, кои експлодираат во увото, го исцрпуваат духот, ја оштетуваат телесната енергија.
Накратко: љубовта Божја и Неговата милост овозможуваат постојано претворање на злото во добро, просечното во возвишено, грдоста во убавина; надминување на смртта со животот.
Да се наследува Марија или подобро кажано да се соединува со Марија, живеејќи во нејзиното присуство 24 часа дневно, животното одење станува раст кон рајот. Таа нè подготвува за евхаристиското заедништво, таа нè следи низ искушенијата во денот, таа ја чисти душата од секоја сторена грдост; Таа пред Божјиот престол ги носи нашите молби и нашите воздишки; бидејќи во благодарноста, понизноста и послушноста секогаш го прифаќаме нејзиното мајчинство присуство.
Престојувањето на Девицата во нас – Девицата Која е Свршеница на Светиот Дух – нè обврзува на евангелски живот, додека нè посветува како маријански светилишта, кои можеби никој не гледа, но се вбризгани во општественото ткиво за да ја пренесеме нејзината душа: служење, понизност, побожност, тишина и жртва. Тогаш од небото секој од нас ќе изгледа како копија на Девицата. И за секоја душа ќе важи објавата: „И ти можеш да бидеш мајка Господова.“ Може да се биде Марија и да се дарува Исус: живее Исус живеејќи Марија.. Но, тогаш животот е уживање – рај на земјата.
Игино Џордани/Нов свет/к.мк/Д.И.