Како сестра Еврозија ги подготвуваше децата за Божиќ

Како сестра Еврозија ги подготвуваше децата за Божиќ

Нашата основачка беше надарена од Бога со едно кревко, нежно срце, способно да ги загрева овие мали суштества, кои ја опкружуваа. На нејзиното лице секогаш имаше слатка насмевка која ги отвораше срцата. Таа измислуваше разни убави забави со кои ги радуваше децата, особено на празниците. Се сеќавам како секоја година за Божиќ нѐ изненадуваше со нешто ново. Еднаш ќе направи убава елка со подароци. Другпат некој стар дедо од селото, облечен како свети Никола (н.з) , ќе донесе вреќа со подароци за добрите деца. Понекогаш една мала количка беше водена од невидлива рака, а внатре беше малиот Исус, кој носел подароци. Или убава пештера, до неа бунар, од каде наместо вода, кофата вадеше подароци. Но, сестра Еврозија не сакаше децата да се радуваат само на подароците, туку сакаше најмногу да ја ценат духовната радост која се чувствува со чиста совест од исполнета должност. Затоа настојуваше децата секогаш добро да се подготвуваат за празниците.

И така, секоја се натпреваруваше да направи повеќе добри дела, трудољубиви молитви, повеќе послушност, повеќе милост и заедно помагање меѓу другарките, почесто посетување на Исус во Светата Тајна. Така нѐ учеа на доблести и кога доаѓаа празниците, внатрешната духовна радост се хармонизираше со надворешната.

(текстот е извадок од книгата „Благородното дело на отец Јосиф и на сестра Еврозија Алоати од Д-р Христо Драгов)

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот