(…) Моето длабоко и искрено посветување на Блажена Дева Марија трае од студентските денови. Тогаш токму во Меѓугорје ја направив својата прва посвета на нејзиното Безгрешно Срце. Посветата на Безгрешното Срце Мариино ми помага повеќе да ѝ се приближувам, да ѝ ги предадам сите животни планови и ситуации, сѐ да сфатам сериозно. Ми помогна искрено да ја засакам својата небеска Мајка! Нежно со доверба! Денес оваа посветување на нејзиното срце ми помага да го живеам мајчинството. Ми помага да откријам кое е моето послание во светот како жена. Нo што точно ме учи мојата небесна Мајка?
Богородица е пример за понизноста! Таа е имуна на духот на горделивоста кој за нас луѓето претставува голем проблем. Знаеше дека сѐ примила од Господа. Ние тоа честопати го забораваме. Затоа ми помага да се сетам на тие важни вистини на крајот од било кој успех или во ситуации кога помислувам дека поради својот ум, снаодливост или доброта, нешто добро сум направила. Сѐ што имам, сум го примила од Бога, сопругот, децата, животот, талентите, способностите, бракот… Сѐ е Негово! Сѐ е дарувано! Поради тоа всушност и немам со што да се гордеам. И онака ништо не е мое!
Од Богородица учам и за трпеливоста. Децата се одлична вежба за таа убава крепост која ја имала Блажена Дева Марија. Честопати се фаќам во нетрпеливост. Понекогаш на брзина сакам да исправам некоја мана кај детето или пак би сакала да ги видам резултатите од сопствениот труд околу децата. Нетрпелива сум и кога нѐ погодуваат тешкотии, болести, крстови. И Богородица сето тоа го поминала. Нема поутешна работа на светот од трпеливоста. Само е потребно да ја „прегрнеме“ великодушно и срдечно со одлука дека во неа ќе се вежбаме за секоја пригода.
Молитвата е уште една убава карактеристика на која ме научи Богородица. Од неодамна искусив дека некои работи се случуваат исклучиво преку молитвата. Молитва за мудрост за воспитување, молитва за светост на сопствените деца. Човековите срца се менуваат преку молитвата. Бог ги менува луѓето, а не јас! Толку пати сум доживеала неуспех кога со сопствените сили би сакала да ги менувам своите домашни. Јасно ми е дека молитвата е најубавото добро кое можам да го дарувам на своето семејство. Истрајна и понизна молитва!
Ние христијаните кои живееме во светот, честопати сме во опасност и да го попримаме духот на светот. Духот на потрошувачката, духот на материјализмот и неумереноста. Исус ни вели дека нашето присуство во светот е многу важно. Но, како сол или како светлина! Важно е да не се биде од светот! Да не се сообразиме со логиката и духот на светот. И Богородица живеела во светот, но не го примила неговиот дух. Честопати се повлекувала во осаменост и вежбала собраност. Дали е можно во овој денешен свет да се живее повлечено и собрано? Богородица нѐ учи дека е можно, ако сме цврсти во таа одлука. Во таа смисла, многу пати сум размислувала за тоа како го користам времето кое ми е дарувано. Навистина, не ми требаат „бескорисните кафе муабети“ на кои има примери за озборуварање и „коментирање“ за другите. Не ми требаат ниту „пријателства“ кои не ме поттикнуваат да бидам подобра, која не ме поттикнуваат на светост. Со текот на времето почувствував потреба дека подобро е да го изберам опкружувањето кое во мене ќе поттикнува позитивни промени или барем доколку е до мене, да настојувам во сите свои односи со луѓето кои ме опкружуваат да внесам здив на духовноста.
Како мајка на пет деца научив да го ценам онаа малку време кое ми преостанува после бројните обврски. И тоа време ми е навистина потребно „да ги наполна батериите“, затоа што сум свесна колку повеќе можам да им се дарувам или да им давам на семејството или пријателите доколку сум внатрешно исполнета. Кога сум празна некако сѐ ми е тешко. А Марија ме учи на таа исполнетост, сила и радост која можам да ја добијам токму преку молитвата и заедништвото со Бога.
Моето искуство живеејќи го мајчинството во молитвата, со Марија, Бог може преку тоа мајчинство да направи многу добро за луѓето околу мене. Во текот на бременоста или кога децата се мали, понекогаш ми се чинеше дека не можам многу повеќе да направам од сопственото „преживување“. Убиствено темпо, бројни обврски и уморот можат да направат непремостлив ѕид за нешто повеќе. Но, забележав дека ако живеам собрано и во молитва во текот на денот, Бог може да ми испрати личноста на која сум ѝ потребна. Знаеше да се случи кога се шетав со најмалото дете низ паркот, токму тогаш да сретнам некого на кого му е потребна помош. И тогаш се сеќавав редовно во молитвата кога го замолив Господа доколку сака, да ми, испрати личност на која сум и навистина денес потребна. И навистина тоа се случува. И овде гледам и учам пример од посетата на Марија на својата роднина Елисавета, дека да се биде христијанин, да се биде Христов, никогаш не е статично. Иако и бременоста и мајчинството во оние први години од животот децата можеа да бидат преполни со различни оправдувања дека не можеме да направиме ништо повеќе, искуството од животот со Марија ми покажува во бројни ситуации дека во сите животни ситуации Бог преку нас може да делува.
Можеме да кажеме дека е тоа еден вид умирање на себе, своите лагодности и лесни патишта. Но, донесува голема радост и смисла! Целото овоземно животено одење всушност е одгледување на љубов. Преку неа ќе бидеме мерени кога ќе се гледаме со Бог лице во лице. Нашиот живот е едно големо училиште на љубовта. Колкава е Мариината љубов кон Бог и луѓето? Потполна и чиста! Љубовта понекогаш и боли, бара постојано вложување. Бара постојано излегување од сопствената комоција и лагодност. Бара дарување, без возврат. Бара безусловност! Животот во бракот ги обликува приликите во кои можеме да ја вежбаме љубовта. Љубовта е пред сѐ одлука! Вистинската љубов не може да зависи околу моето моментално расположение! Не смее да зависи од тоа дали сум уморна или не! Не зависи од временската прогноза! Одлука на љубов е кога отстапувам од приговарање или критикување на домашните, кога спротивно на уморот го слушам секое дете, кога пробувам да ја задржам ведрината. А да се живее мајчинството во заедништво со Марија го прави тоа не само возможно туку и изворно радосно и благословено за целото мое семејство.
Мирта Милетиќ/Гласник мира/к.мк