Веројатно кога ќе сретнеме чесна сестра, барем еднаш сме се запрашале како е тоа да се живее живот целосен посветен на Бог. Ви преставуваме како изгледа еден ден на сестрите Евхаристинки определен во нивниот правилник.
Во истото писмо сестра Еврозија продолжува: – Ќе ме запрашате каков е нашиот правилник и како живееме во монашката заедница? Ќе ви одговорам: стануваме во 5 часот, молитва на црковно-словенски јазик, размислување на македонски, света Литургија на црковно-словенски јазик, во 7.15 часот, појадок со црно кафе, до 9.00 часот слободно време за средување на куќата; од 9.00 до 11.00 часот задолжителни занимања; во 13.30 часот духовно читање за евхаристискиот Исус; шиење црковна облека; Бројаница; Крстен пат; во 17.30 часот второ размислување; 18.30 часот минути вечера; во 20.00 часот молитва и во 21.00 часот легнување. Спиење на сламеници. Ве уверувам дека ми е толку добро на мојот сламеник како да спијам на мека постела.
Текстот е извод од книгата „Благородното дело на отец Јосиф и на сестра Еврозија Алоати од д-р Христо Драгов/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк