Како знаеш дека Бог сака да бидеш свештеник?

Како знаеш дека Бог сака да бидеш свештеник?

Животот без љубовта нема смисла. Зборови на папата Иван Павле II: „Човекот не може да живее без љубов. Тој сам на себе останува непознато битие, животот му е бесмислен ако не му се објави љубовта, ако не се сретне со љубовта, ако не ја искуси и не ја освои, ако не учествува живо во неа. Токму поради тоа Христос Откупителот – како што е веќе кажано – во потполност го разоткрива човекот на самиот човек.“ (Иван Павле II, Redemptor Hominis, 10).

Распнатиот Христос нѐ учи што значи да се биде човек: самите себе си ќе се пронајдеме во најпотполното дарување на себе си.

Како може ова да се однесува на свештенството? Свештеникот се умира самиот себе и за да им даде на другите живот. Исправно е што се нарекува отец затоа што дарот на неговата жртва раѓа деца во верата. Предавајќи го своето тело на свршеницата (Црквата), тој донесува живот во Божјото семејство. Човекот не станува свештеник за да побегне, туку за да победи. Не влегува во богословија затоа што не може да пронајде девојка. Влегува затоа што го љуби Бог и сака да спасува души.

Премногу често размислуваме за свештенството како за нешто што бара само одрекување. Никогаш не застануваме за да размислиме за даровите кои што свештеникот ги прима, како што е власта за отпуштањето на гревовите и претворањето на обичниот леб во Божјо Тело. Со Христови зборови кажано: „Вистина ви велам: нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или имот, заради Мене и Евангелието, а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи, и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца, и нивје, а во идниот век – и живот вечен. (Марко 10, 29 – 30). Ако чувствуваш дека нешто те привлекува на посветен живот, не бегај од тоа. Тоа нема да исчезне. Одложи ги своите стравови кои можат да се јават и секој ден моли Радувај се Маријо за да ти помогне при расудувањето за твојот повик.

Кога ќе се почувствуваш подготвен, разговарај со некој свештеник за своите внатрешни чувства. Можеби ќе можеш да отидеш на духовни вежби или на неколку денови во некој манастир за да ти помогнат при расудувањето и конечната одлука. Ако го направиш тоа, автоматски тоа не значи дека си се запишал на богословија или манастир; тоа само значи дека си се отворил за малку подобро да погледнеш кон самиот себе и за сѐ да размислиш сериозно. Можеби ќе си отидеш од духовните вежби или од средбата со некоја монашка заедница чувствувајќи длабок мир и со спознание дека свештеничкиот и монашкиот живот сепак не се за тебе. Но, можеби ќе си отидеш со голема вера и надеж дека Бог сепак те повикува кон Себе. Како и да се чувствуваме, ние сепак би требало секогаш да ја наследуваме храброста на света Тереза, која вели: „По својата слободна волја, драги Исусе, ќе те следам каде и да одиш во потрагата по душите, колку тоа и да ме чини и од чиста љубов кон Тебе“.

Молитва за чистота

Најдраг Исусе!

Добро знам дека секој совршен дар, а над сите дарот на крепоста за чистота, зависи од најмоќната од сите твои помагања – твојата Провидност, и дека без тебе созданијата не можат ништо да направат. Затоа Те молам да ја одбраниш, со својата милост, крепост и чистотата во мојата душа, како и во моето тело. Ако некогаш по своите чувства сум примил некакво влијание кое би можело да ја извалка мојата крепост на чистотата, Ти, кој си врховен Господар на моите сили, тргни го тоа од мене, да можам со чисто срце да напредувам во твојата љубов и служба, па така крепостен да се принесувам во сите денови од мојот живот на пречистиот олтар на твоето божество. Амин.

Свети Јосиф, чувар на девиците, моли за нас!

Свети Јосиф, страв за злите духови, моли за нас!

Безгрешно срце Мариино, моли за нас!

Духовни-позив блогспот/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот