Евангелското читање на Неделата на мироносците ни дава можност да размислиме за улогата на жената во Црквата, од уредување и чистење на црквата па сѐ до катехезација или други побожности, и вистина е дека многу се зборува за нив во нашите цркви. Но…
Секако денес би сакал да споделам неколку размислувања за улогата на жената. Но пред сѐ за сопругата на свештеникот, како и за нејзниото служење…
Да се биде сопруга на свештеник е повик, како и свештенството. Ова е посебен начин на служење. Жената на свештеникот не е приврзок, туку личност, иако многу често е во сенка. Но, таа има право да работи, да се реализира, има право да биде жена во сите аспекти на нормалниот човечки живот.
За неа знаеме само додека е во служба нејзиниот сопруг, а кога тој ќе умре, за жал реалноста е тажна (..) таа станува незабележлива за сите, освен за нејзините деца.
Но, таа е жената која ја одржува парохиската куќа, кога нејзиниот сопруг со часови моли со парохијаните, кога со часови исповедува или кога со некои верници води долги духовни разговори…. таа чека.
Таа е трпелива, а можеби и не премногу, но барем се обидува да сфати кога е потребно да ги одложи сопствените планови, бидејќи нејзиниот сопруг мора да оди и да исповеда кога некој е на умирање, оди на погреб.. Го одложува заедничкото семејно патување, одморот, само затоа што се потребни на парохијаните.
Жената на свештеникот е единствената која го чека таков каков што е – уморен, нерасположен, разочаран, не секогаш таков, но знае како да внесе мир во срцето на нејзиниот сопруг. Нејзиниот повик е да биде близу до него.
Остатокот од времето е за неа и за децата, по повеќечасовните разговори со парохијаните, таа носи многу работи на нејзините раменици, па дури и нејзиниот маж свештеник на кој му треба поддршка кога не е разбран и поддржан. Верувај дека е така.
Исто така таа е под постојан оган од страна на „побожните“ во однос на облеката, козметиката, парфемот… Ја исмејуваат, иако неоправдано, кога има три или повеќе деца. Ова се предрасудите кога сте жена на свештеник.
Не знам дали ќе има посебен празник за сопругите на свештениците, но добро е да знаете дека тие секојдневно носат мир во срцето на својот сопруг, а и на вашиот свештеник.
Само сетете се на нивната посебност. И покрај сите стереотипи – тие сепак носат „миро“.
о.В. Жан/к.мк