Како да молиме: Оче наш…

Како да молиме: Оче наш…

Молитвата е средба со живиот Бог, која честопати ја пропуштаме поради тоа што сме премногу зафатени и растресени. Ова размислување за молитвата Оче наш ќе ни помогне да успориме и да се собереме и своите Оче наши да ги молиме така што да ќе бидат благослов за нас и нашите ближни.

Исусовата молитва започнува со зборовите Оче наш. Никогаш не заборавајте да се молите на Отецот – ако сте Божјо дете преку Исуса Христа – бидејќи не може да ве сака повеќе, затоа што веќе ве сака.

Следниот израз – Кој си на небесата, е потсетник на тоа дека Бог е суверен, величествен и семоќен. За Него ништо не му е премногу тешко. Тој преместува планини; Тој е поголем од секој проблем кој вие можете да Му го изнесете. Својот поглед насочете го на неговата моќ, а не на својата вредност.

Да се свети името твое! Не дозволувајте вашите молитви да се претворат во список на желби за Дедо Мраз. Кога во молитвата ќе му пријдете на Бога, обожувајте Го и прославувајте Го.

Да дојде царството твое! Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата! Подредете ја својата волја според Божјата. Неговата волја поставете ја на прво место во својот живот – во бракот, семејството, кариерата, службата, парите, телото, односите, Црквата.

Лебот наш насушен дај ни го денес! Апостол Павле пишува: „Во сè преку молитва и молба, со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања“ (Фил 4, 6). Изложете ги своите грижи, без разлика дали тие се големи или мали. Ако ви треба чудо, замолете за чудо и немојте да се плашите.

И прости ни ги долговите наши како што ги проштаваме и ние на нашите должници! Бидете сигурни дека вие не сте пречката: исповедајте ги вашите гревови, примете прошка и започнете да растете. Живејте со духот на простувањето во односот кон другите.

И не воведи нè во искушение, но избави нè од лукавиот! Молете за заштита од злото и победа на искушенијата.

Затоа што твое е Царството и силата и славата во вечни векови. (овој ред не влегува во сите преводи на Библијата, но го наоѓаме во некои ракописи ). Својата молитва завршете ја со прославување. Признајте дека сè на небото и на земјата е Божјо. Заблагодарете Му на Господ затоа што се грижи за вас, затоа што овозможува со Него да разговарате по патот на молитвата.

Амин. Нека биде така. Успорете, и поминете што повеќе време со Господа.

Кристофори/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот