Италијанската премиерка Џорџија Мелони го посети Папата во болницата Гемели

Италијанската премиерка Џорџија Мелони го посети Папата во болницата Гемели

Премиерката на италијанската влада во име на Владата и на целата нација на Папата му посака брзо закрепнување. Многу сум среќна што го најдов буден и внимателен, рече таа, се шегувавме како и секогаш. Тој не ја изгубил својата позната смисла за хумор.

Попладнево, на 19 февруари 2025 година, папата Фрањо ја прими италијанската премиерка Џорџија Мелони, кој во име на Владата и целата нација ги изрази своите најдобри желби за брзо закрепнување. „Многу сум среќен што го најдов буден и внимателен“, рече италијанската премиерка „Се шегувавме како и секогаш. Тој не ја изгубил својата позната смисла за хумор“.

Утринава Канцеларијата за печат на Светиот Престол извести дека Папата имал мирна ноќ. Светиот Отец исто така и седел на фотелја. Како што се испостави, срцето добро се држи.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот