Исус и стотникот

Исус и стотникот

Според Евангелието од Матеј 8,5-13 наменето за Четврта недела по Педесетница

Минатата недела го слушнавме повикот на Христос да не бидеме како незнабошците, кои не го познаваат Бог, не го сретнуваат, затоа и животот им е е полн со грижа и незадоволство. (Евангелие: Матеј 6, 22- 33.) Ова ги води кон длабоко чувство на осаменост и беспомошност во животот.

Некои луѓе можат многу да се грижат, и да го поминат целиот свој живот во некакви работи и на крајот да ја немаат вистинската радост во животот. Во потрага по среќа, тие всушност се оддалечуваат од неа, бидејќи среќата е веќе дадена од Бога, таа треба само да се прифати, како што прават дивите цвеќиња и птиците.

Да се биде со незнабошците и да се живее во овој систем на пагански вредности, изграден врз постојана грижа, може да нѐ доведе во искушение да го прифатиме тој начин на живот со отфрлање на Објавата на Синот Божји. Како резултат на тоа, може постепено да го изгубиме чувството дека сме деца Божји, дека Бог е нашиот Отец, кој постојано се грижи за нас.

Синот Божји нè предупредува и нè потсетува дека нашето послание е да влијаеме на овој проблематичен свет и сите да ги потсетуваме на Создателот, на Неговиот план и Спасението.

Оваа четврта недела по Педесетница, Светата Црква нè повикува да размислиме за средбата на Исус со стотникот (Матеј 8, 5-13). Колку и да изгледа чудно, треба да размислуваме за средбата на Спасителот со незнабожците. Зачудувачки е и тоа што Исус го става овој стотник, незнабожец, како пример, но и неговата вера: „Вистина ви велам: ни во Израилот не најдов толку голема вера. “. Вера која има знаци на целосна доверба. Овој стотник исто така бил „загрижен“. Тој се загрижил за животот на неговиот слуга. Ги оставил сите и побарал помош од Христос.

Тоа нè потсетува на добриот пастир кој остава деведесет и девет овци и оди да спаси една. Во Евангелијата ќе слушаме и за тоа како родители ќе бараат оздравување за своите деца, но тука господарот бара помош за својот слуга.

Неговата грижа не е само во тоа што мисли на болниот слуга, туку тој и делува. Неговата постапка е поврзана со сфаќањето дека е важно да се има не само желба, туку и да се исполни. Блажени се на оние што слушаат и исполнуваат. Вистина е дека во неговиот живот имал позитивно искуство со верата. Кога слугите ја слушале неговата заповед, тие веднаш се покорувале. Значи, самиот стотник сакаше да биде така послушен: „Само кажи збор и мојот слуга ќе оздрави!“

Каде што Божјото Слово има моќ, таму е и Божјото Царство. Соодветно на тоа, со отфрлање на Божјото Слово се појавуваат празни и нереални желби.

Драги во Христа, кога ќе погледнеме во овој свет, во нашите заедници и семејства, во нашите лични животи, ќе забележиме дека сè што се случува е последица на нашата вера.

Пред некој ден слушнав за болката на еден човек: „Не знам веќе во што верувам.“ И тоа беа зборови на еден човек кој беше многу вознемирен, збунет и очаен. Немаше јасност, светлина во неговите очи! Тој човек се молеше со години, го посетуваше храмот, одеше на исповед и добро ги познаваше обичаите… но во момент на тешкотија падна во длабока духовна криза! Зошто?

Можеби затоа што постојано веруваше во „нешто“, а не и во живиот Бог? Можеби затоа што неговата вера беше изградена врз тоа да не веруваме целосно во Бога? Бидејќи зборот верувам е многу тесно поврзан со зборот „слушај“. Кого слушам, тогаш и верувам! Ако го слушаме Божјиот глас и веруваме, му веруваме, тогаш и во тешки времиња ќе продолжиш да го слушаш Божјиот глас и ќе му веруваш.

Незнабошците ги слушаат своите потреби, потребите на другите и така тие го започнуваат својот ден, па живеат во неволја целиот свој живот. Христијаните го слушаат Бога и го исполнуваат својот живот со Божјото Слово! Оние што веруваат во Христа ќе покажат целосна доверба во секоја ситуација во животот! Затоа тие живеат и се радуваат секој ден, на секоја ситуација, бидејќи извршувајќи ја Божјата волја, чувствуваат неописливо чувство на радост!

Секој ден сме соочени со изборот: да живееме во постојани грижи или да имаме мир во душата. Да веруваме во Господ Бог и да кажеме: „Боже, кажи само збор! Само кажи и ќе се спасиш!

ФБ-ДС/к.мк

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот