Размислување според Евангелието по Лука 8,26-39, наменето за Дваесет и трета недела по Педесетница
Демоните извикуваат дека Христос дошол да ги мачи. Тие знаат дека доаѓа тоа време и се плашат од него, но зарем ние не се плашиме од времето кога Господ ќе дојде? Овој пасус што го слушнавме е првиот егзорцизам, односно првиот егзорцизам, кој го сретнуваме во Евангелието. Исус доаѓа кај незнабошците за да ги избави. Тој можеше да седи дома и да чека човекот да го донесат кај Него, но Исус наместо тоа патува за да го најде и да го ослободи од демонските врски. Дали сме способни да почувствуваме, или подобро кажано, дали можеме да видиме и да сфатиме колку пати Исус ни излегува во пресрет, барајќи нè, бидејќи сме изгубени во незнабожечка, средина, земја?
Во оваа земја, која ја опишува Евангелистот, живееле претежно незнабожци. Тоа можеме да го препознаеме од фактот дека тие паселе свињи, а Евреите пак не смееле ни да ги допрат овие животни, кои за нив биле нечисти. Гледаме дека демоните кои го опседнале овој несреќник, толку многу се плашеле да се вратат во пеколот што се подготвени да влезат во свињите, кои таму паселе по ридот. Евангелистот забележува дека опседнатиот човек живеел по гробовите. Но што значи тоа? Обично, гробниците биле издлабени, како пештери и се сметале за нечисти места. Тој човек бил толку страшен и бесен што другите луѓе во областа се плашеле да одат по тој пат, така барем нѐ известува за истиот овој настан евангелистот Матеј. Демоните и гревот можат да ни го блокираат патот до спасението, исто како што овој човек го блокира патот на другите луѓе.
Демоните извикувале: „Што имаш со мене, Ти Исусе, Сине на Севишниот Бог? Знаат дека Исус Христос е Син Божји, поради што толку многу се плашат од Него. И гледаме како Божјото слово, како силата на Исус Христос ги истерува. А демоните Го молеа „да не им наредува да одат во бездната, туку „да им позволи да влезат“ во свињите.
Во Стариот Завет, морето е местото каде што живеел левијатанот, морето било местото на смртта, местото на гревот, а кога демоните влегуваат во свињите, тие свињи се фрлаат во морето, односно се враќаат во нивниот пекол, се враќаат во својот дом.
Свињарите побегнале затоа што жалеле за свињите, не не го сожалувале човекот, од кој беа излегле. Да, жалат за материјалната загуба. Токму тоа се случува во нашето општество, многу често жалиме за материјалните работи, но не и за човекот ов неволја.
Целиот град беше исполнет со страв, вакво нешто се случувало и при раѓањето на Исус. Евангелието вели дека цел Ерусалим бил вознемирен, така и сега Господ го ослободува човекот, а градот не сака да Го прими. Зошто не сака да Го прифати, затоа што им е жал за свињите?
За кого повеќе жалиме во нашите животи? Дали ни е жал за некој човек во неволја или секој од нас има нешто слично како Гадаринците, нешто материјално за кое жалиме, нешто ѓто за нас е повредно од човекот, како овие свињи? Ајде да размислиме: за што ни е жал, или што не можеме да изгубиме?
Господ денес вели дека мора да го отфрлиме она што е грешно, за да одговориме на оној кој се кае, кој се враќа во домот на својот Отец. Колку често слушаме дека во безбожните времиња и од безбожни луѓе Црквата била прогонувана имајќи за цел да ја уништата. А сега тие луѓе се побожни!? Зошто не можеме да се радуваме што некој се кае, што некој се враќа во домот на нивниот Отец небесен? Зошто нашите срца се интересираат само за материјалното? Има ситуации кога Божјото присуство може да создаде непријатност и неприлики, но и во овие ситуации ние избираме дали да живееме според Божјото Слово или живееме според нашите желби?
адаптација к.мк