Источно-католичките епископи во Украина: Прекинете со масакрот
„Да престане масакрот“: овој апел го упатуваат источно-католичките епископи во заклучниот документ по одржаниот Синод на епископите во Лавов. „Во Украина продолжува да се пролева крв“, велат епископите предводени од архиепископот Свјатослав Шевчук. „Оваа мирна и суверена нација е подложена на воена интервенција предводена од соседна земја – се чита во документот. Стотици тешки и технолошки оружја, заедно со илјадници вооружени платеници и војници од руската армија ги минуваат границите на Украина, оставајќи зад себе смрт и разурнувања, непочитувајќи го барањето за прекин на огнот и дипломатските напори, додека продолжува невидената пропаганда на омраза и искривување на реалната состојба, што не е помалку штетно од оружјето за масовно уништување “. Источно-католичките епископи се свртуваат кон меѓународната заедница, нагласувајќи дека „денес молчењето или неактивноста, како и неподготвеноста да се признае сериозноста на ситуацијата во Украина, може да нѐ претвори сите во еден нем и рамнодушен сведок, но исто така и во соучесник во гревот на убиството кој го повикува Небото за правда“.
РВ/В.Н.