Источните патријарси ги повикуваат Арапите и муслиманите да го осудат тероризмот на Исламската држава

Христијаните и муслиманите должни се заедно да се борат против верскиот екстремизам и на идните генерации на Средниот Исток да биде слободен од тоа зло, просветлувајќи ги совеста и умовите – стои во соопштението на католичките и православните патријаси на Источните цркви на заедничкото заседание одржано во седиштето на маронитскиот патријах во местото Димане на север од Либан.

Мислејќи на повеќето од стотина илјади христијани кои терористите на Исламската држава ги протераа од подрачјето на Нинивија, патријарсите покажаа „чудење“ пред ужасните настани. Тие сакаат арапите и муслиманите да заземат цврст став за сѐ што се случува во низината Нинивија, поттикнувајќи ги муслиманските верски водачи да објават фатва, а политички да усвојат закони кои ја казнуваат верската дискриминација на малцинствата.

Патријарсите ги осудуваат „млаките и недоволни“ реакции на Арапите, како и на меѓународната заедница, а обвинуваат и некои европски држави дека ја отежнуваат состојбата, бидејќи прават наводна заштита поттикнувајќи ги христијаните да се иселуваат; јавно го призиваме однесувањето на тие држави – стои во ссопштението.

Патријарсите немаат намера да дозволат на Блискиот Исток да умре христијанската присутност и упатуваат апел до Своетот за безбедност при ООН да усови резолуција за враќање на домовите и добрата „со сите можни средства“ кои им се одземени на ирачките христијани и ја поттикнуваат Меѓународната заедница казнениот суд да ги осуди злосторствата направени

РВ/Д.И.

Категорија: Свет

За авторот