Ирските бискупи повикуваат на унапредување на палијативната нега, коментирајќи го предлог законот „Умирање со достоинство“. Во документот истакнуваат дека „нема живот без вредност, живот што веќе не вреди да се живее“.
„Потпомогнатото самоубиство го покажува неуспехот на општеството“, пишува во документот на Епископската конференција на Ирска (ИЦБЦ) во долгата и детална забелешка, која се однесува на предлог законот „Умирање со достоинство“. Овој предлог законот предвидува „помош за достоинствен и мирен крај на животот“ за смртно болни лица за кои се смета дека „можат да дадат изјава“, која мора да биде потврдена од двајца лекари, по соодветни проверки.
Документот е потпишан од Советот за живот, советодавен орган формирано од ирските бискупи и Советодавната група за биоетика, академска организација која ги советува прелатите по ова прашање. Имаме морална одговорност да се грижиме за ближниот, според евангелската слика за Добриот Самарјанин“, се вели во документот, промовирајќи ги „добрите палијативни грижи, кои го почитуваат животот и истовремено ја препознава човечката смртност, на смртно болните луѓе им нуди „најдобрата можност да се дојде до крајот на животот на достоинствен и мирен начин“.
Епископите исто така ја осудија „претпоставката која го оправдува потпомогнатото самоубиство“, односно фактот дека „постои живот без вредност, живот што веќе не вреди да се живее“. Ова е „заблуда што неизбежно ја руши основата на почитување и законска заштита на секој човечки живот, без оглед на возраста, попреченоста, компетентноста или болеста“.
Ватикан њуз/к.мк