Како Папата ја доживува кризата предизвикана со Ковид-19? И како се подготвува за она што доаѓа потоа? Интервјуто со папата Фрањо го приреди Остин Ајвери.
Како Папата ја доживува кризата предизвикана со Ковид-19? И како се подготвува за она што доаѓа потоа? Папата од далеку, со аудиоснимка одговараше на прашањата на британскиот новинар и писател Остин Ајвери. Интервјуто истовремено е објавено во списанијата „The Tablet“ (Лондон) и „Commonweal Magazine“ (Њујорк). Весникот „АВС“ нуди оригинален текст на шпански, а „Ла Цивилта Католика“ на италијански јазик.
Првото прашање било во врска со тоа како Папата ја живее пандемијата во изолација.
„Куријата“, објаснува папата Фрањо „се обидува да продолжи со работата, да живее нормално организирајќи се во смени, така што никогаш да нема премногу луѓе. Работата е добро осмислена. Ние постапуваме во согласност со мерките кои ги пропишаа здравствените власти. Овде во домот Света Марта одредени се две смени за ручек, што помага да се ублажи приливот на корисници. Секој работи во својата канцеларија или од дома, по дигитален пат. Сите се на работа, никој не е без работа.
Како тоа јас духовно го живеам? Се молам повеќе, бидејќи верувам дека тоа морам да го правам и мислам на луѓето. Тоа ме загрижува: луѓето. Размислувањето за луѓето ми е помазание, ми прави добра, ме одвлекува од себичноста. (…)
Мојата најоглема грижа – барем она која ја чувствувам во молитвата е како да го придружувам Божјиот народ и да му бидам блиску. Тоа е целта на секојдневната утринска света Литургија во седум часот која се пренесува во живот преку интернет, која ја следат многу и така имаат чувство дека некои ги придружува, како и некои мои интервенции и обредот на 27 март на плоштадот Свети Петар. Мојата грижа е и прилично интензивната работа преку апостолското помирување, за да се следат ситуациите на глад и болест. Го живеам овој момент со многу несигурности. Тоа е момент на големи инвентивности, креативности.“
Во второто прашање Oстин Ајвери се осврна на „Верениците“ од Александар Манкони; дејството на романот се случува во време на чума во Милано во 1630 година и во него се опишани ставови на разни свештеници. Новинарот се интересира како Папата во моментот ја гледа мисијата на Црквата.
„Кардинал Федерико“, одговара Светиот Отец, „е вистинскиот јунак во тогашната чума во Милано. Меѓутоа во едно поглавје се вели дека поминувал поздравувајќи ги луѓето, но затворен во носилка, можеби со прозорец за да се заштити. На луѓето тоа не им се допаѓало. На Божјиот народ им е потребен пастир кој стои со него, а не да биде претерано заштитен. Божјиот народ денес треба да има пастир во својата непосредна близина, за што сведочи пожртвуваноста на оние капуцини кои тоа и го направиле.
Христијанската креативност мора да се покаже во отворањето на новите хоризонти, во отворањето на прозорци, во отворањето на трансценденцијата кон Бог и кон луѓето, а мора да се ограничи на престојот во домовите. Не е лесно да се престојува во затворено. Во сеќавање ми доаѓа стих од Енеид кој во контекст на поразот дава совет да не ги спуштаме рацете. Подгответе се за подобри времиња, затоа што во тој момент ќе ни помогнат работите кои сега се случуваат. Водете сметка за себе во иднината. А кога ќе дојде таа иднина ќе ви биде од помош кога ќе се сетите што се случувало.
Грижете се за сегашниот момент, но за она утре. И сето тоа со креативност. Со едноставна креативност која секој ден нешто смислува. Во семејството не е тешко да се открие. Но, не смеете да побегнете да се препуштите на бегствата кои отуѓуваат, кои моментално не се корисни.“
Третото прашање се однесувало на политиката на владите како одговор на кризата.
„Некои влади“, вели Папата, „преземаа примерни мерки со добро дефинирани приоритети, со цел одбрана на населението. Но да сфатиме дека нашето целокупно размислување, ни се допаѓа тоа или не, е структурирано околу економијата. Во финансискиот свет изгледа сосема нормално да жртвуваш нешто. Тука отпаѓа култруата на полтиката, од почеток до крај. Мислам на претпородилната селекција. Денес е многу тешко да сретнеш на улица луѓе со Даунов синдром. Кога ќе го воочат на ултразвук го враќаат на испраќачот. Тоа е културата на евтаназија, легална или прекриена, според која од друга страна и на старите лица им даваат само делумно лекови.
Мислам на енцикликата на папата Павле VI ’Humanae vitae’ (1968). Големиот проблем на кој пасторалците во тоа време се фокусирале била пилулата. И не ја сфатиле пророчката сила на таа енциклика пред неомалтусовкиот дух кој се подготвувал ширум светот. Тоа предупредување на Павле VI на неомалтусовкиот бран кој денес го гледаме во изборот на луѓето според работните способности, оние кои можат да бидат корисни: културата на отпад.
Бездомниците остануваат бездомници. Пред неколку дена видов фотографија од Лас Вегас со бездомници во карантин на паркинг. А хотелите се празни. Но бездомникот не може да оди во хотел. Еве го тој дух на дело, не е повеќе теорија.
Ајвери продолжи со прашањето може ли влијанието на кризата да доведе до преиспитување на нашиот начин на живот, до еколошко преобразување и до похумани општества и економија.
„Шпанската поговорка вели: Бог секогаш простува, ние понекогаш, природата никогаш! Не обративме внимание на поединечните, фрагментарни катастрофи. Кој денес зборува за пожарите во Австралија? А за фактот дека пред една и пол година брод помина преку Северниот пол, кој стана пловен затоа што ледот се стопи. Кој зборува за поплавите? Не знам дали се работи за освета на природата, но сигурно дека е нејзин одговор.
Имаме селективно паметење. Би сакал тоа да го нагласам. Бев импресиониран од прославата за 70 годишнината од слетувањето во Нормандија. Имаше водечки личности од меѓународната политика и култура. И тие славеа. Секако, точно е дека тоа беше почеток на крајот на диктатурата, но никој не се сети на 10.000 момци кои страдаа на таа плажа.
Кога бев во Редипуљија на одбележувањето на 100 годишнината од крајот на Првата светска војна, можевте да видите прекрасен споменик со имињата врежани во камен – и ништо друго. Плачев мислејќи на Бенедикт XV (на тој бескорисен масакр), како и на градот Анкио на Задушница мислејќи на сите војници од Северна Америка кои таму се погребени. Секој од нив имал семејство, на местото на нив сум можел и јас да бидам…
Кога денес во Европа слушате популистички говори или одредени политички одлуки не е тешко да се сетите на говорот на Хитлер од 1933 година: помалку или повеќе се исти како она што денес го прават некои политичари.
Ме потсетува на еден стих на Вергилиј ’meminisse iuvabit’ (ќе ни биде мило еднаш да се сетиме). Било би добро да се поврати сеќавањето, затоа што сеќавањето ќе ни помогне. Денес е време да се поврати сеќавањето. Ова не е прва епидемија на човештвото. Останатите сега се сведуваат на анегдоти. Мора да го повратиме сеќавањето на корените, на традицијата која е „незаборавна“. Во „Духовните вежби“ на свети Игнациј цела прва недела – а потоа во четвртата недела и контемплација за да се постигне љубовта – во целост се следи знакот на сеќавањето. Тоа е преобраќање на сеќавањето.
Оваа криза нè погодува сите нас: богати и сиромашни. Тоа е апел против лицемерието. Загрижен сум заради лицемерието на одредени политички личности кои велат дека сакаат да се соочат со кризата, кои зборуваат за гладот во светот, а додека за тоа зборуваат произведуваат оружје. Време е ова лицемерие да се претвори во дело. Ова е време на доследност. Или сме доследни или губиме сè.
Ме прашувате за преобраќање. Секоја криза е опасност, но и прилика. А тоа е прилика за да се излезе од опасноста. Денес верувам дека мора да го забавиме утврдениот ритам на потрошувачка и производство (енциклика Лаудато си, 191) и да научиме да ја разбираме и да размислуваме за придодата. И повотрно да се поврзиме со своето вистинско опкружување. Ова е прилика за преобраќање.
Да, видам почетни знаци на премин на помал проток и похумана економија. Но не смееме да го загубиме сеќавањето кога оваа актуелна ситуација еднаш помине, не смееме да ја архивираме и да се вратиме на претходната точка. Време е да се направи чекор. Од употребата и злоупотребата на природата да се премине кон контемплација. Ние луѓето сме ја загубиле димензијата на контемплација; дојде време тоа да се поправи.
А кога зборувам за контемплација, би сакал да застанам на една точка: време е да гледаме на сиромашните. Исус ни кажува: Сиромашните секогаш ќе ги имате кај себе. И тоа е вистина. Тоа е реалност, не можеме да ја негираме. Тие се сокриени, затоа што сиромаштвото предизвикува срам. Во Рим, во време на целосен карантин, полицаецот му кажа на еден човек: Не можете да останете на улица, мора да одиме во својата куќа. Одоговорот беше: Немам куќа. Живеам на улица. Треба да откриеме колку луѓе се маргинализирани… а тоа не го гледаме затоа што сиромаштвото предизвикува срам. Тие се таму, поминуваме покрај нив, но не ги гледаме. Тие се како дел од пејсаж, како да се предмети. Света Тереза од Калкута ги здогледала и одлучила да тргне по патот на преобраќањето.
Да гледаме на сиромашните значи да им ја вратиме човечноста. Тие не се предмети, не се отпад, тие се луѓе. Не можеме да водиме политика за социјално осигурување, како да се работи за напуштени животни. Многу пати сиромашните се третираат како напуштени животни. Не можеме да спроведуваме политика на социјално осигурување, а таа да биде делумна.
Дозволете ми еден совет: време е да се слегне во подземјето. Познат е романот од Достоевски „Записи од подземјето“. А постои уште еден пократок „Записи од мртвиот дом“ во кој чуварите на затворската болница се однесувале со сиромашните затвореници како да се предмети. И гледајќи како се однесуваат со еден кој само што починал, другиот затвореник извикал: „Доста! И тој имал мајка!“ Мора на себе многу пати да се повотриме: оној сиромав имал мајка која со љубов го воспитувала. Не знаеме потоа што се случило во животот. Но, тоа ни помага да помислиме на онаа љубов која ја примил, на надежта на една мајка. Ги ограничуваме на сиромашните, не им даваме право да сонуваат за својата мајка. Тие не знаат што е наклонетост, нежност, многумина живеат како зависници од дрога. А гледањето на нив може да ни помогне да го откриеме сочувството, тоа сочувство кое е димензија свртена кон Бог и ближниот.
Одењето во подземјето и преминот од хипер-виртуелизираното, немоќно, дематеријализирано општество кон телесното страдање на сиромашните – е неопходно преобраќање. А ако не започнеме од таму, преобраќањето нема да има иднина. Мислам на светците во соседните простории во оваа тешко време. Тие се херои! Лекари, волонтери, монаси и монахињи, свештениците, работниците кои ги извршуваат своите должности за да функционира ова општество. Колку лекари и медицински сестри починаа! Колку свештеници починаа! Колку монахињи починаа! Во службата, служејќи.
Ми паѓа на памет реченицата од Вереника, зборовите на кројачот, според моето мислење еден од наједноставните и најкохерентните ликови. Рекол: „Никогаш не сум видел Господ да започнал чудо, а да не го завршил добро.“ Ако го препознаеме ова чудо на светците покрај нас, тие мажи и жени херои, ако знаеме како да ги следиме нивните стапки, ова чудо добро ќе заврши, ќе биде за доброто на сите. Бог не ги остава работите на пловина. Ние сме тие кои ги оставаме и заминуваме. Тоа што ние го доживеваме е место на матаноја, преобраќање и имаме за тоа прилика. Па, да продолжиме и да одиме понатаму.
Следното прашање на Ајвери се однесувало на потребата за време на последните месеци да се преиспита начинот на постоењето на Црквата – таа да биде „можеби повеќе мисионерска“, покретивна Црква, помалку да се држи за институцијата. Ја доживуваме ли неминовноста од „домашна Црква“, Црквата која исто така ја заснова домот?
„Помалку да се држи за институцијата? Би рекол, одговорил Папата „дека станува збор за шеми. Всушност, Црквата е институција. Постои искушение да се сонува за деинституционализирана Црква, на пример гностичка Црква, без институција или подложеност на фиксни институции, за да се заштити, а тоа е пелагијанска Црква. Светиот Дух ја прави Црквата институција. Тој Кој не е ниту гностички, ниту пелагијански. Он е Тој Кој ја институционализира Црквата. Таа е алтернативна и комплементарна динамика, бидејќи Светиот Дух предизвикува неред со харизмите, но во тој неред создава хармонија. Слободна Црква не значи анархистичка Црква, бидејќи слободата е дар од Бог. Институцинализирана Црква значи Црква инстиуционализирана од Светиот Дух. (…)
Пред неколку недели ми се јави еден италијански епископ. Загрижен, рече дека оди од една болница во друга за да даде простување на гревовите на сите кои во нив се наоѓаат – и се сместил во ходникот. Но, некои познавачи на канонското право на кои им се јавил му рекле дека не може така и дека простувањето на гревовите е дозволено само со непосреден контакт. „Оче, што можете да ми кажете? Ме праша епископот. Му реков: „Монсињоре, извршете ја својата свештеничка должност. А он ми одговори: „Благодарам, разбирам…“ Потоа дознав дека насекаде делел простување на гревовите.
Со други зборови Црквата е слободата на Духот во овој момент на криза, а не Црква затворена во институциите. Тоа не значи дека канонското право е бескорисно: служи – да, помага и дозволете да го користиме најдобро затоа што ни прави добро. Но, последниот канон вели дека целокупното канонско право има смисла за спасение на душата и токму овде ни се отвора вратата во тешките времиња да излеземе и да донесеме утеха Божја.
Прашањето за „домашната Црква“… Мора да се соочиме со фактот дека остануваме дома со целата своја креативност. Или ќе паднеме во депресија или ќе се отуѓиме – на пример средствата за комуникација кои нè доведуваат до вистинско бегство од сегашниот момент – или ќе создаваме. Дома ни е потребна апостолска креативност, креативност прочистена од многу бескорисни работи, но со носталгичен копнеж да излеземе од својата изолација; во тоа мора да ни помогне тоа сеќавање кое произведува носталгија и предизвикува надеж…“
На крајот новинарот го прашал папата Фрањо како го живее овој необичен Велики пост и Велигден, а посебно – каква е „пораката за изолираните стари луѓе, затворените млади луѓе и за оние кои заради кризата западнале во сиромаштво?“
„Ми зборувате за изолирани старци. Осаменост и одалеченост… А колку стари луѓе“, одговори Папата, „имаат деца кои не ги посетуваат ниту во нормално време! Се сеќавам во Буенос Аирес кога одев во посета на домовите за стари лица, ги прашував нивните станари: „Како е со семејството?“ – „Ах, да , добро, во ред…“ – „Доаѓаат ли во посета?“ – „Да, секогаш доаѓаат…“ Потоа медицинската сестра ќе ми кажеше дека поминало шест месеци од последната посета на децата. Осаменост и напуштеност, одалеченост…
Па, сепак старите лица и понатаму се корените. И тие мора да разговараат со младите. Таа напнатост помеѓу старите и младите секогаш мора да се разреши со средба. Бидејќи младиот човек е пупка, лист, но му треба коренот, инаку не може да роди плод. Старите лица се како корени. На денешните стари луѓе сакам да им кажам: Знам дека чувствувате дека смртта е блиску и дека се плашите, но свртете го погледот на другата страна, сетете се на своите внуци и не престанувајте да сонувате. Бог од вас бара да сонувате. (Јоел 3,1)
Што да им кажам на младите? Имајте храброст да гледате повеќе кон напред и да бидете пророци. Нека вашето пророштво се запознае со соништата на старите лица. И тоа го читаме во Јоел (3,1).
Луѓето кои се осиромашени од кризата денес се измамени; и тие се придружуваат на многу опустошени мажи и жени кои ја носат празнината како свој „граѓански статус“. Сè изгубиле или речиси ќе загубат сè. Што за мене во светлината на Евангелието значи да загубиш сè? Да влезеш во свет „празен“ и да сфатиш дека оние кои порано имале сега повеќе немаат. Она што го барам од луѓето е да се грижат за старите и младите луѓе. Да ја преземаат историската одговорност. Да ја преземат одговорноста за овие измамени.
И ми паѓа на памет уште еден стих на Вергилиј – кога Енеј поразен во Троја загубил сè и се нашол пред две можности што да прави понатаму: или да остане таму каде што е, да плаче и да заврши, или да го направи она што го има на срцето, да оди понатаму, да оди кон планините и да ја избегне војната. Тој е величествен стих: „Cessi et sublato montes genitore petivi“. „Помирен со судбината и олеснет, таткото ме упати нагоре. Тоа е сè што денес мора да го направиме: да ги земеме корените на нашата традиција и да се искачиме на планините.“
Ватикан њуз/к.мк