Индија: Сестрите на Мајка Тереза се спротиставија на владините упатства за посвојување деца
Мисионерките на љубовта, монашката заедница која ја основа Мајка Тереза, одлучија да ги стопираат постапките за посвојување деца во 15 сиропиталишта во знак на спротиставување кон новите владини упатства кои дозволуваат посвојување деца од самци и разведени лица во нови врски. Кардинал Телесфор Топо, надбискуп на Ранциј, коментираше во разговор за агенцијата AsiaNews и кажа дека католичката црква во Индија мора да се грижи за овој проблем. Јас ги поддржувам сестрите. Децата не се предмети; секое од нив е драгоцен Божји дар – рече кардиналот и истакна дека Мисионерките на љубовта се во служба на најнемоќните и дека овие напуштени деца не може да се дадат на било кој родител.
Конгрегацијата на Мисионерки на љубовта отсекогаш се занимава со морална и материјална помош на сиромашните, болните, напуштените деца, проститутките, инвалидите. Посвојувањето е прекинато од 1.август оваа година, откако сиропиталиштата кои се водени од монахињите на оваа конгрегација ја прекинаа секоја постапка. Говорејќи за агенцијата AsiaNews, сестра Бресила рече дека постапките за посвојување се прекинати, но монахињите продложуваат со мисијата и визијата на Мајка Тереза. Се доверуваме на Бога кој ќе нé инспирира за тоа што треба да правиме. И понатаму ќе се грижиме за децата, но не прифаќаме нови правила – истакна монахињата.
На состанокот на државните министерства за развој на жени и деца, Манека Ганди, министер за единство, напомена дека работата на мисинерките е важна, но дека настојува да ги предомисли. Кардинал Топо, пак, додаде дека Мисионерките на Мајка Тереза имаат вкоренета мајчинска одговорност кон децата. Секогаш се грижат за тоа дали децата ќе растат во добра семејна средина и дали ќе имаат среќна иднина, точно онака како што би се однесувале биолошките родители. Нивната совест им говори дека е погрешно да се следат владините правила. Кога ги примаме децата одговорни сме за нивната иднина. А децата не се стока – истакна кардиналот.
Напоменувајќи дека грижата за напуштените деца е многу важен аспект во посланието на Црквата во Индија, кардиналот рече дека поради тоа е одлучено да се разгледа ова прашање за да се размислува за можни промени во тие упатства. Оваа тема би требало да се разгледа и на синодата за семејството. Црквата, имено, треба да заземе став – нагласи кардинал Топо и на крајот со жалост заклучи дека во Инидја, во споредба со децата, животните имаат поголема важност и поголема вредност.