Именуван нов секретар во Конгрегацијата за наука на верата

Именуван нов секретар во Конгрегацијата за наука на верата

Папата Фрањо именува нов секретар во Конгрегацијата за наука на верата. Станува збор за Џакомо Моранди, досегашен заменик секретар на таа дикастерија, кој истовремено е именуван и за титуларен надбискуп на Керветерија. На должноста заменик секретар го наследува надбискупот Луиз Франциско Ладарија Ферер, кој на 1 јули е именуван за префект на Конгрегацијата за наука на верата.

Монсињор Моранди е роден во Модена на 24 август 1965 година, за свештеник е ракоположен во 1990 година. На Папскиот библиски институт во Рим 1992 година магистрира по библиски науки, а во 2008 година на Папскиот универзитет Грегоријана магистрира и докторира теологија по мисиологија (евангелизација).

Во 2015 година е именуван за заменик секретар во Конгрегацијата за наука на верата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот