Именувани нови директори на Македонски Каритас и Радио Марија Македонија

Именувани нови директори на Македонски Каритас и Радио Марија Македонија

На 29 октомври 2017 во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, за време на светата Литургија, која ја предводеше Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, во сослужение на деканот во Скопска бискупија, дон Давор Топиќ и деканот во Апостолскиот егзархат во Македонија, о. д-р Зоран И. Стојанов, беше прочитан декретот за разрешување на досегашниот директор на Македонски Каритас и Радио Марија Македонија монс. Антун Циримотиќ. Воедно беа прочитани декретите за нови именувања за спомнатите институции.

За директор на Македонски Каритас е именуван парохот на парохијата „Пресвето Срце Исусово“ – Битола, дон Паво Шеќерија. За директор на Радио Марија Македонија е именуван парохот на парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица, о. Гоце Костов, кој е воедно и уредник на веб порталот „Католици.мк“ и списанието „Светлина“.

Бискупот Стојанов во пригодната проповед се заблагодари на монс. Антун Циримотиќ за неговата неуморна работа и пожртвуваност, а на новоименуваните директори им посака благословена и успешна мисија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот