Именувана новата управа во провинцијата на Божјото Провидение на сестрите Евхаристинки во Македонија

Именувана новата управа во провинцијата на Божјото Провидение на сестрите Евхаристинки во Македонија

Генералната настојателка на Општеството на Сестрите Евхаристинки во Софија чесна мајка Јоана Тончева при Генералното заседание на 29 мај 2021 година именува нова Провинцијална управа во Провинцијата на Божјото провидение во Македонија.

Новата Провинцијална управа се состои од следниот состав:

Провинцијална настојателка е именувана с. М. Бернардина Сирачева,

Провинцијална асистенкта – викарија – с. М. Роберта Ристова,

Провинцијална асистентка – с. М. Наталија Стојанова.

Новата провинцијална управа стапува на должност на 1 јули 2021 година на празникот Пресвета Евхаристија според јулијанскиот календар.

По тој повод уредништвото на католици.мк им го честита именувањето и им посакува Божји благослов.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот