Почесниот папа Бенедикт XVI по повод 70 годишнината од свештеничкото ракополагање на 29 јуни ќе го посетат поранешни членови на познатиот машки детски хор ‘Regensburger Domspatzen’ кој некогаш го водел Георг Рацингер изјави надбискупот Георг Генсвајн за порталот Rome Reports.
Денес пејачите се на возраст од 40 до 60 години ќе пеат на светата Литургија со Бенедикт XVI истакна Генсвајн кој даде дека почесниот Папа (94) е „телесно слаб, но многу присебен“.
Јозеф Рацингер и неговиот брат Георг се ракоположени за свештеници во 1951 година во катедралата во Фрајзинг од рацете на тогашниот кардинал Михаел вон Фаулхабер. „Од тогаш не поминало ниту еден ден, а Бенедикт XVI да не служел света Литургија; иако денес не може да служи сам, седи во количка кај олтарот, а јас сум предводител“, рече надбискупот Генсвајн.
Ика/к.мк