Климатските промени, земјоделството и сигурноста на храната се тесно поврзани – се истакнува во овогодинешниот Извештај за состојбата на храната и земјоделството на агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство.
Климатските промени, земјоделството и сигурноста на храната се тесно поврзани – се истакнува во овогодинешниот Извештај за состојбата на храната и земјоделството во светот кој на 17 октомври 2016 година во Рим го презентираше главниот директор на агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО) Жозе Грацијано да Силва.
Земојоделството може да ја стабилизира глобалната клима
Земојоделството може да ја стабилизира глобалната клима и истовремено да го зголеми производството на храна за да се искорени гладот во светот. Доволно е да се каже – е истакнато во извештајот – дека делот за храна односно обработувањето на земјата, сточарството, шумарството и рибарството се одговорни за една петина од испуштените стакленички гасови кои се наоѓаат озонската обвивка. Трошоците за неактивност се многу поголеми од трошоците за интервенција потребни за одржливо земјоделство – предупреди да Силва и рече дека затоа на планетата која стана потопла треба истовремено да се соочува и со проблемот на гладот, сиромаштвото и климатските промени.
Важната улога на малите земјоделци
Голема улога во тоа имаат малите земјоделци – рече во разговор за Радио Ватикан стопанственикот Андреа Катанео координатор во изготвувањето на извештајот и додаде дека 750 милиони семејства во светот зависат од малите земјоделци. Токму заради тоа климатските промени и прехрамбената сигурност не можат да се разделат од тој голем дел на населението во светот. Освен тоа тие се категорија која се соочува со посебни тешкотии во пристапот до средства, но и во соочувањето со климатските промени. Овде Катанео посебно ги истакна бројните земји во развој со проблемот на достапност до средствата уште повеќе нагласен кога станува збор за жените.
Остануваат ли извештаите на меѓународните организации мртво слово на хартија?
На новинарско прашање се чувствува ли поголема политичка волја на поединечни земји за прифаќање на извештаите од меѓународните организации или тие остануваат мртво слово на хартија, Катанео истакна дека по потпишувањето на Договорот за клима во Париз кон крајот на 2015 година навистина дојде до поголема свест за тој проблем. А таа свест се претвори и во дејствување во областа на земјоделството. Имено многу земји кои предлагаат т.н. „национални придонеси за сузбивање на климатските промени“ (во меѓународната политика нивната кратенка е INDC) голем број од нив се однесуваат на земјоделството.
Јасно е дека државите работат за да се зголеми адаптацијата на климатските промени во областа на земјоделството, но и во земјоделството да се намалат земјоделските емисии. Потсетуваме – додаде координаторот на извештајот – дека земјоделството на општо ниво произведува 20% од стакленичките гасови. Затоа намалувањето на испуштањето на гасови за 70% значи дека сите сектори ќе мора да ги намалуваат, вклучувајќи го и земјоделството – рече на крајот Андреа Катанео.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк