Иван Павле II и Иван XXIII ќе бидат прогласени за светци
Ватикан, 6.7.2013 /к.мк/ – Блажените Иван Павле II и Иван XXIII најверојатно до крајот на оваа година ќе бидат прогласени за свети, изјави во петок 5 јули на конференција за печат директорот на канцеларијата за печат на Светата Столица, патер Ломбарди.
Папата Фрањо во петокот на аудиенција го прими префектот на Конгрегацијата за прогласување на светци, кардинал Анџело Амато и го одобри декретот за признавање на второто чудо кое се случило благодарејќи на заговорот на папата Војтила. Исто така отворен е патот за канонизација на папата Ронкали и без второ чудо. Папата имено го одобри позитивното мислење од посебната седница на оците кардинали и епископи во поглед на канонизацијата на блажениот Иван XXIII, и свика Конзисториум кој ќе се бави со канонизација на блажениот Иван Павле II.
Оваа донекаде невообичаена одлука патер Федерико ја објасни дека по мислење на Папата, и покрај тоа што не постои второ чудо, може да биде призната светоста на соборскиот Папа. Тој нагласи дека канонизацијата е валидна и без второ чудо, бидејќи веќе постои признато едно чудо кое доведе до негова беатификација. Ја спомна дискусијата меѓу теолозите и стручните лица во поглед на потребата од две различни чуда за беатификација и канонизација и додаде дека Светиот Отец има власт да даде диспенза и да ја овозможи канонизацијата и без второ чудо.
Иако не се наведени конкретни датуми за свикување на Конзисториумот, ниту пак за канонизацијата, патер Ломбарди, не ја отфрли можноста двете прогласувањувања да се случат истовремено и го изрази своето мислење дека тоа може да се случи и до крајот на годината.
Папата Иван XXIII (1958-63) е прогласен за блажен во 200 година, а папата Иван Павле II во 2011 година. (го*ко)