Зошто свештениците носат црна облека?

Зошто свештениците носат црна облека?

Облеката на свештениците се разликува од останатите припадници на општеството. Секогаш кога ќе видиме свештеник, нѐ потсетува на реалноста и присутноста Божја.

Во првите векови од почетоците на Црквата, свештениците не носеле посебна облека, освен за време на богослужбите. Кога модата започнала да се менува, свештениците го задржале својот стил на облекување. Во 12 и 13 век римската реверенда (н.з. мантија) станува секојдневна облека за свештениците. Таа облека ја истакнува разликата помеѓу духовникот и лаикот. Наскоро Црквата донесува правила и пропишува свештеникот да носи реверенда.

Бојата на реверендата е регулирана покасно. Црната боја порано била најевтината и најраспространетата и оттука одговара оваа боја за свештеникот. Повисоките клерички чинови носат друга боја, за да бидат препознатливи. За време на понтификатот на Пиј V. (1566 – 1572), кој бил од монашката заедница на Доминиканци, Папите започнуваат да носат бела облека.

Црната боја ја искажува едноставноста и понизноста на свештеничкиот живот и го потсетуваат свештеникот на неговата обврска, овие крепости да ги живее. Црната боја е исто така и боја на смртта и тагата и симболизира дека свештеникот умира во себе, не живее за себе, за потполно да му припаѓа на Бог. Тој е повикан да го земе врз себе Крстот Христов и да умира за гревовите.

Посебната свештеничка облека прави да се разликува свештеникот од останатите членови на општеството. Таа нѐ потсетува на неговите задачи. Присутноста на еден свештеник треба да нѐ потсети дека Бог постои. Облеката треба да нѐ упати на реалноста за овие работи и секоја средба со свештеник за нас треба  да биде едно мало навестување, кратка проповед.

Катнет/к.мк

Категорија: Вера, Колумни

За авторот