Честопати можеме да ги слушнеме родителите како велат: „Подготвен сум да направам сѐ за своите деца!“ Навистина, љубовта која како родители ја чувствуваме кон своите деца е многу силна. Кога се нашите најмили во некој проблем или пред некој предизвик, подготвени сме да ја вложиме сета наша сила за да им помогнеме. Но, честопати не ја гледаме или не веруваме во вредноста, важноста и силата на моливата. Ни излгеда дека сите проблеми најпрвин ќе ги реши некој политичар или влијателна личност, како да е подобро да се познава или да се биде близу до некој кој има овоземска моќ, отколку да се биде со Господа. Но вистината е токму спротивното.
Малку побожности заземаат толку многу важно место во животот на многу светци како што е Бројаницата. Свети Људевит Монтфорт ја опишал Бројаницата во основните правила за својата дружба на мисионери како најпогодно средство за обнова на христијанскиот дух помеѓу самите христијани. Дури сведочел дека лично ја видел и доживеал делотворноста на оваа молитва за преобраќање на најтврдокорните срца. Сестра Луција од Фатима за Бројаницата рекла: Блажена Девица Марија Бројаницата ја подарила со такво делување, што не постои ниту еден материјален, духовен, национален или меѓународен проблем, кој по нејзиниот пат и нашата жртва не би можел да се реши. Токму во Фатима Блажена Девица Марија, нагласувајќи ја важноста и силата на Бројаницата, се претставила како „Царица на светата Бројаница.“ И зошто е тогаш толку тешко да се вметне Бројаницата во нашиот секојдневен живот?
Пред сѐ, овде се работи за нашата одлука како родители да ја вметнеме Бројаницата во нашето секојдневно молење во нашето семејство. Секако можеме да замислиме дека околу тој важен потфат со толку духовни плодови ќе имаме и силни отпори од злото. Ова е навистина духовна борба и овде од нас се бара одлучност и истрајност. Признавам, на крајот на денот заморот е лош советник што би било најкорисно да направиме или како да го организираме заедничкото време во семејството. А тоа време навечер, после сите дневни работи и обврски е привилигирано времето. Тоа се моментите кога сме сите конечно заедно собрани. Во текот на денот сме разотидени на различни страни, секој по својата работа, училиште, обврски. И потребно ни е тоа заедничко време, да се сретнеме, да разговараме, но и заедно да молиме!
Кога некој би ни понудил десет илјади евра половина час да работиме што и да било навечер, верувам дека без размислување би прифатиле. Би рекле: „Оф, колку лесно заработени пари! За само половина час! Толкава вредност за само половина час! Ете, би биле подготвени да го одвоиме оваа време затоа што веруваме дека тие пари се вистински, после дека тоа е голема вредност што би било неразумно да не го вложиме тоа време за да добиеме таква награда. А колку повеќе вреди Бројаницата! Или одењето на света Литургија? Ако ви вели самата Богородица дека не постои ниту еден духовен, материјален, национален или меѓународен проблем кој што по пат на Бројаницата не може да се реши, нема ли всушност да бидеме неразумни ако не ја вметнеме Бројаницата во нашиот секојдневен живот?
Да се вратиме исто така и на оваа изјава која честопати можеме да ја слушнеме поврзана за нашите деца, дека сме подготвени да направиме сѐ за нив. Па, еве нешто многу конкретно што можеме! Можеме да молиме! Овде се присетив на еден виц кој зборува за средбата на една мајка и свети Петар на денот на нејзината смрт. „Не е фер!“, рекла жената. „Што не е фер?“, прашал свети Петар. „Па не е фер. Иако бев верничка, мојот син заврши како зависник, разбојник, пропадна во училиштето, имаше лошо друштво. Очекував да биде поразлично.“ „А не“, одговорил свети Петар. „Ние го исполнивме сето она што вие за него молевте.“ „Па како? Не разбирам!“, се запрашала. „Убаво. Кога го носевте во текот на бременоста, тогаш последен пат се молевте за него. И сѐ што тогаш кажавте е: само нека биде здраво!“ И беше физички здрав, нели? А што со тоа здраво тело подоцна работел, за тоа не молевте.
Навистина, денес бремените жени можеби користат и најчесто изговорени реченици како: „Само нека е здраво!“, како физичкото здравје, кое е важно, би било она најважното. Желбата за нас родителите христијани би требало да ја надминува световната димензија. Јас сакам моите деца да бидат на крајот во рајот со Исуса! Да го запознаат и да го засакаат како свој Спасител! Сакам моето семејство да биде благословено. За тоа да се оствари, потребно е да се молиме. Да се биде во жив однос со Бог. Навистина немаме причина да не ја прифатиме големата сила на заедничката семејна молитва. Тоа е онаа највредното за што се исплати да се бориме и да одвојуваме дел од времето. Свесни дека се работи за духовна борба, треба да донесеме одлука! Токму како што веројатно сѐ друго би го ставиле на страна за да ги заработиме оние големи пари за толку мал труд.
А овде се работи за неизмерно поголеми вредности! За односот со Бог, нашиот Спасител, пријателот на нашата душа. За односот со Марија, нашата небесна Мајка! Царицата на небото и на земјата! Тие не заслужуваат агли од нашето време, туку целото наше битие, нашето цело срце. Месецот мај е Богородичен месец. Таа е онаа која е со благодатна, навистина сака да ни помогне кон тој пат. Спротивно од сите бројни искушенија и тешкотии треба да останеме одлучни и истрајни. Затоа, што ќе правиме вечерва? Секако, она што е најдоброто за нашето семејство. Онаа што е најдоброто за нашите деца. Она што е најдоброто за мојата татковина и за целиот свет! Ќе молиме Бројаница.
Гласник Мира/к.мк