Зошто да се моли Бројаница?
Бројаницата за многумина е најомилениот облик на молитва и размислување за настаните опишани во Евангелието. Со нејзина помош влегуваме во Исусовиот живот и заедно со Марија Неговата Мајка одново преку собрана молитва можеме да ги проживееме таинствата за кои размислуваме. А што некои од светците ни зборуваат за тоа, прочитајте во продолжение.
„Бројаницата и е најдрага молитва на Марија. Најсакана е меѓу светците, најчеста меѓу народот, најпотврдувана од Бог со прекрасни чуда, збогатена од Марија со најголеми ветувања.“ – Блажен Бартол Лонго
Свети Фрањо Салешки рекол дека најдобар начин на молитва едноставно е Бројаницата.
Сестра Луција од Фатима за Бројаницата кажала: „Блажена Дева Марија со Бројаницата подарила такво делување што не постои ниту еден материјален, духовен, национален или меѓународен проблем кој преку неа и нашите жртви не би можел да се реши.“
Свети Иван Павле II: „Бројаницата е моја најомилена молитва. Убава, прекрасна молитва! Убава во својата едноставност! Убава во својата длабочина!“ Папата прогласи година на Бројаницата (2002/03), а на 25 годишнина од својот потификат го напиша Апостолско писмо “RosariumVirginis Mariae”.
Свети Људевит Монтфорт напишал: „Бројаницата е најмоќното оружје за да се допре Срцето Исусово, нашиот Откупител, Кој толку многу ја сака својата Мајка.“
„Бројаницата е камшикување на ѓаволот“ – папа Хадријан VI
„Бројаницата е резиме на целото Евангелие“ – папа Павле VI
Свети Иван Боско му го кажал ова на еден посетител на својот завод кој се восхитувал на редот, работата, дисциплината и веселоста на момчињата: „Знај, кога би го отстранил од заводот молењето на светата Бројаница во истиот момент би исчезнале од мојот Ораториум и редот и работата и науката и веселоста, на кои што вие толку им се восхитувате.“
„Колку само е прекрасно семејството кое секоја вечер моли Бројаница “ – папа Иван Павле II
Папа Пио IX во еден од своите говори рекол: „Деца помогнете ми да го победиме злото кое што ја мачи Црквата и човечкото општество, но не со меч. туку со Бројаницата.
Кога би го прашале свети Пио од Пиетрелчина зошто толку моли Бројаница, би кажал: „Ако Богородица било каде и да се укаже секогаш упорно препорачува да се моли Света Бројаница, нели ти изгледа дека за тоа мора да постои добра причина?
Нашата Богородица има 117 наслови. Во Фатима го одбрала: „Јас сум Царица на Светата Бројаница.“ Го повика целиот свет да моли Бројаница: „Секој ден молете Бројаница за да испросите мир во светот.“
Битно.нет/Д.И.