Бискупот Стојанов ги прими претставниците на здружението „За нас“

Бискупот Стојанов ги прими претставниците на здружението „За нас“

На 14 јули 2020 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов во Бискупската резиденција во Скопје ги прими претставниците на здружението „За нас“ што ја предводи Унијата на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри во Македонија претставувани од претседателот на здружението сестра Гордана Бешлиоска со уште две медицински лица.

Во таа прилика на бискупот Стојанов му искажаа благодарност за упатената честитка по повод прогласувањето 2020 година за Година на медицинските сестри и медицински техничари.

Бискупот Стојанов изрази благодарност за неизмерната жртва и натчовечки напори што медицинскиот персонал го вложува во оваа ситуација на Ковид 19. Исто така истакна дека од самиот почеток секојдневно во сите Католички цркви се моли за медицинскиот персонал и за оние кои се заразени од оваа немилосрдна и непредвидлива болест која коси човечки животи кај нас и во светот. Исто така истакна дека и Светиот Отец папа Фрањо моли за медицинските сестри и медицинските техничари што даваат пример за херојство, а додека некои го дадоа и своите животи. Бискупот Стојанов истакна дека во неделата на Добриот Пастир Папата рече: „Размислувам за многу пастири што ги дадоа своите животи за верниците“, мислејќи на свештениците и лекарите, а воедно не заборавајќи ги и хигиеничарките и хигиеничарите во болниците.

Средбата заврши со молитва и благослов во капелата на Бискупската резиденција посветена на сесловенските апостоли светите браќа Кирил и Методиј.

к.мк

(Видео) Честитка на епископот Стојанов по повод Светскиот ден на акушерките и медицинските сестри и техничари

Категорија: Вести, Македонија

За авторот