Здравствената состојба на папата Фрањо е стабилна, нема нови напади

Здравствената состојба на папата Фрањо е стабилна, нема нови напади

Во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол во вторник вечерта, 4 март 2025 година, информира дека папата Фрањно немал напади на респираторна инсуфициенција или бронхоспазам. Тој е буден, без температура и соработува. Според планираното, неинвазивната механичка вентилација ќе биде обновена до утре наутро. Прогнозата останува неизвесна.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол го објави следното медицинско ажурирање за здравјето на папата Фрањо кој е хоспитализиран во римската болница Гемели:

Клиничката состојба на Светиот Отец денеска остана стабилна. Нема напади на респираторна инсуфициенција или бронхоспазам. Нема температура, буден е, соработува со терапиите и е ориентиран.

Утрово тој премина на терапија со високопроточен кислород и беше подложен на респираторна физиотерапија. Според предвиденото, вечерва ќе продолжи со неинвазивна механичка вентилација до утре наутро. Прогнозата останува неизвесна. Во текот на денот наизменично поминуваше време во молитва и одмор, а утрово прими Евхаристија.

Целокупната клиничка состојба на папата Фрањо останува стабилна, вклучувајќи ги вредностите на срцето, бубрезите и крвта. Фреквенцијата на бронхоспазми не е неочекувана во контекст на пневмонија како онаа што ја има Папата. Сепак, ситуацијата останува сложена.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот