За секој маж

Се оженив со прекрасна жена. Убава е, духовита, великодушна и неверојатно силна. Колку подолго сум во брак со неа сѐ повеќе сфаќам колку сум среќен што ја имам.

Но, и покрај силната љубов кон својата жена признавам дека понекогаш сум прилично себичен во своето однесување. Со други зборови не ја покажувам секогаш својата љубов онака како што би требало. Веројатно би можеле да се препознаете во тоа, освен ако веќе не сте станале светец.

Бидејќи ние мажите по природа сме себични, потребен е одреден напор за да им покажеме љубов на своите сопруги. Потребно е секојдневно неа и нејзините потреби да ги ставаме пред нашите. Овде давам пет начини како да ја љубите својата сопруга на конкретен начин.

Слушај ја

Ја слушаш ли својата жена? Не мислам дали ја слушаш во смисла додека разговарате туку – се обидуваш ли навистина да ги разбереш нејзините грижи и ставови? Овде ќе бидам целосно јасен. Овој ми е еден од најтешките начини за да ѝ покажам на својата сопруга дека ја ценам. По природа сум повлечен. Сакам во мир да читам и да размислувам, а мојот идеален одмор навечер е непречно проучување на добра книга. Меѓутоа мојата сопруга како и поголем број од жените сака да зборува. Да ми раскажува за смешните случки кои ги направиле нашите деца, за сметките кои треба да се платат или за нешто што ѝ кажала пријателката. Ме интересира ли тоа?

Понекогаш не и премногу често се фаќам само како ги потврдувам нејзините зборови наместо да се вклучам во вистински разговор. Мојата жена секако го согледува тој недостаток на интерес и тоа ја повредува. Кога се преправам дека ја слушам, растресен сум и незаинтересиран што е неверојатно себично. Со тоа всушност ѝ зборувам: „Тоа е убаво душо, но искрено навистина не ме интересира.“ Тоа е шлаканица за ова жена која се мачи ден по ден да ја направи нашата куќа дом на љубовта за мене и нашите деца. Човече, ти и јас сме повикани да ги љубиме своите сопруги, слушајќи ја неа и нејзините грижи. Ако тоа е важно за неа тоа би требало да биде важно и за нас. Што и да сакаш во овој момент да направиш – тоа може да почека. Обрни внимание на својата убава жена на која ѝ се обврзал да ѝ го дадеш својот живот и навистина слушни што има таа да ти каже. Ова мала пракса може да направи голема промена во твојот брак.

Помогни ѝ

Сопругите и мајките имаат неверојтно тешка работа. Секогаш ме насмеваат луѓето кои мислат дека мојата сопруга не работи ништо затоа што останува дома со децата. Ќе ти го кажам ова – мислам дека не би можел да работам сè што таа работи. Јас се враќам дома од работа. Таа не. Па како сопруг треба да сфатиш дека твојата сопруга напорно работи. Цени го тоа, но немој да останеш само на зборови. Побарај конкретни начини за да се грижиш за домот и за воспитувањето на вашите деца. Измиј ги садовите, фрли го ѓубрете или смени ги пелените. Верувај ми постојат голем број мали начини на кои можеш да ја сакаш својата жена. Најди некои од тие начини и направи ги сам.

Гледај романтичен филм со неа

Колку од нас мажите не сакаат да гледат филм како „Гордост и предрасуди“ или „Романса во Сиетл“? Да, ниту јас. Но, знаеш што? Мојата жена сака такви видови на филмови, а веројатно и твојата. Проголтај ја својата гордост и покажи ѝ на својата жена дека за промена сакаш да гледаш нешто што таа сака.

Изненади ја

Сите сакаат изненадувања како и твојата жена. Донеси ѝ букет цвеќе понекогаш. Купи ѝ ја книгата која ја сака. Донеси ѝ бонбониера. Одведи ја на вечера без посебна причина. Со други зборови дознај што најмногу ѝ се допаѓа и тогаш со тоа изненади ја кога тоа најмалку го очекува. За такво нешто навистина не мораш да чекаш до годишнината!

Кажи ѝ дека ја сакаш

Поголем дел од мажите освен романтичните писатели меѓу нас не сакаат да ја изразуваат својата љубов со зборови. „Мојата жена знае дека ја сакам зошто морам да ѝ кажам?“ така мислат. Макар и сѐ останато да оди како што треба твојата жена сепак мора да слушне дека е сакана. Често кажувај ѝ дека ја сакаш. Пронајди начин да ја изразиш својата љубов.

Заклучок

Ако си се оженил заради своја корист, си се оженил од погрешни причини. Во бракот не станува збор за преземање. Не станува збор за тоа како се чувствуваш заради другата личност, како таа изгледа или што може да направи за тебе. Не, во бракот станува збор за тоа дека љубиш како Христос – а тоа значи да го прегрнеш крстот.

Гледаш, во вистинската љубов се работи за давање на самите себе, да се жртвуваш самиот себе и заборав на самиот себе. Тоа буквално значи да го положош својот живот за својата жена во илјадници секојдневни избори. Како мажи повикани сме да го следиме Христос, љубејќи ги своите жени како што Тој ја љуби Црквата и „се даде самиот себе за неа“. Дали ова понекогаш е тешко? Дали ќе те чини? Секако. Грешни сме и себични. Но, надмини го тоа. Биди маж!

Сакај ја својата жена!

The Catholic Gentleman/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Размислување, Свет

За авторот