За Светскиот ден на Мисиите 2021

За Светскиот ден на Мисиите 2021

Пораката за Светскиот ден на мисиите оваа година носи наслов: Ние не можеме да не зборуваме за она што сме виделе и чуле“ (Дела 4,20) во која папата Фрањо зборува за времињата на првите христијани, кои воопшто не биле лесни. Нивниот верски живот го живееле во средина која ни им била наклонета и неа само тоа, туку дури била и опасна. Отфрленост, прогонства, затворања, сето тоа можело да се најде на секој чекор. Меѓутоа тоа воедно и ги поттикнувало секоја тешкотија да ја претворат во можност за навестување на Господ Исус Христос. Во тоа време никој не можел да остане да седи дома, затоа што цврсто верувале дека зборовите Христови имаат спасителна сила и затоа неуморно ги пренесувале неговите зборови на другите.

Исто така и за нас не е лесен овој историски момент низ кој минуваме. Ситуацијата со пандемијата која ја живееме предизвика многу болка, страдање, немаштија, па дури и смрт. Оние кои се најсиромашни искусија уште поголема отфрленост и ранливост. Искусија обесхрабрување умор и горчина, која се гледа на нивните погледи. Навистина не можеме да не зборуваме за она што сме виделе и чуле, тоа е повик до сите нас. Тоа е посланието на Црквата, а тоа е евангелизацијата.

Првите христијни биле привлечени од Господ и животот кој им го понуди, да одат меѓу паганите и да сведочат за она што виделе и чуле: се приближи Царството Божјо. И сето тоа го праеле со благост, благодарност и со срце, знајеќи дека други ќе ја жнеат нивната жетва и труд.

Да се потсетиме само колку биле храбри во нивните одлуки да појдат на пат, оставале сѐ, целата таа сигурнот која ја имале, роднините, имотите и појделе по оној кој има зборови за вечен живот, за да може Радосната вест да стигне до сите луѓе кои живеат во страв и прогонство и се жедни за љубов.

Денес Исус има потреба од срце кое е подготвено да го живее повикот како вистинска љубовна историја, кое е подготвено да излезе на перифериите, на плоштадите, во зафрлените делови од светот, таму каде што уште не допрела Радосната вест. Тоа е повик до секој христијанин, не само за свештениците и чесните сестри, туку секој од нас треба да ја носи радосната вест кај другите и секој на свој начин.

к.мк

Категорија: Колумни

За авторот