За одржлив развој не е потребна само технологијата туку и етика и морал

Женева, 7.4.2013 /к.мк/ – Етички одговорно треба да се користи технологијата како би се развила вистинска солидарност во корист на најсиромашните земји, изјави во четврток, 4 јули, монсињор Силвано Марија Томаси, постојан набљудувач на Светата Столица при Обединетите Нации во Женева на собирот од највисок ранг за тема “Наука, технологија, иновации и културални можности во промовирањето на одржлив развој”.

Во тој поглед монсињор Томаси истакна дека е погрешно сфаќањето дека развојот е само прашање од техничка природа, туку развојот е првично насочен кон општото добро согласно моралните принципи при што треба да бидат опфатени техничките, научните и културалните установи, исто како и финансиските. (Б.У.)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<