За време на синодата во базиликата Света Марија Велика во Рим се изложени моштите на Малата Тереза и нејзните родители

Работата на синодските оци е придружувана со молитвата на Божјиот народ и тоа посебно во семејствата. А сила на таа молитва за синодата дава и фактот дека сега, во време на одржувањето на вонредната синода за семејството во Рим, во базиликата Света Марија Велика, се наоѓаат моштите на блажениот брачен пар Зелие и Луиса Мартин и нивната ќерка света Тереза од Детето Исус, позната како Малата Тереза. Тоа е важен знак за сите денешни семејства – рече во разговор за Радио Ватикан патер Оливиер Руфараи, ректор во светилиштата во Лизије, кој исто така овие денови се наоѓа во Рим.

На новинарско прашање, дали блажениот брачен пар Мартин, родителите на светата Мала Тереза сеуште се пример на денешните родители, патер Оливиер рече дека би можело да се помисли дека не се, бидејќи живееле во XIX век. Но, и покрај тоа, го живееле она што денес сите би сакале да го почувствуваат. Нивната желба била да го љубат Бог и да се љубат взаемно во нивниот брачен живот, како и да го сакаат во животот семејството преку различни обврски во општеството. Потоа – додаде – дека господин Мартин дошол во Лизије и почнал да се зазема за најсиромашните и тука нивната желба секогаш била да љубат. Љубовта поминува низ времето и во таа смисла нема граница… – рече патер Оливиер.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот