Тродневница кон Детето Исус
Прв ден
Оче наш, Радувај се Маријо, Слава на Отецот…
Божествено Дете Исус, зачнато во Назарет, родено во Витлеем! Во текот на овие три дена сакам да го обожавам Твоето зачнување, раѓање и детство, молејќи понизно и со доверба за милоста која од Тебе ја очекувам. Те молам Господи услиши ја мојата молба: (наведи ја потребата). Со векови верниците гледале во Твојот мал, свет лик во јаслите, чувствувајќи дека за човекот и човештвото нема поголема убавина, нема посовршен дар, нема помилосен благослов од ДЕТЕТО, од новиот живот. Ти Исусе мал си дошол кај нас за да ни го приближиш Небото. Бог стана човек, во утробата на еден од нас – Дева Марија! Коленичам со восхит и стравопочит пред таинството на твоето зачнување со силата на Светиот Дух! Се поклонувам исполнет со љубов на оној најсвет момент во човечката историја кога „Словото стана Тело и се всели меѓу нас!“ Преку своето зачнување Мал Исусе спаси ги сите зачнати во утробите на мајките, осудени од извршување на абортус. Преку своето зачнување кое го почитувам, услиши ја мојата молба.
Мајко Маријо, Примателка и Носителка на животот моли се за нас! Амин.
Втор ден
Оче наш, Радувај се Маријо Слава на Отецот…
Витлеемско Дете Исус родено од Дева Марија! За Тебе, за бремената Мајка и за хранителот Јосиф место во селото немало. Му затвориле вратата на Спасителот, лебот на животот, Добриот Пастир, Месијата! Си заминал да се родиш во мала, сиромашна штала, како што и денес со задоволство се раѓаш во животите на малите, сиромашни луѓе. Го гледам ноќното небо, ангелите за подарок, добрите пастири и среќните родители… Во Витлеем Јудејски се родил Царот на царевите како мало Дете ги посети своите.
Те молам Господи во моментите на искушенија и слабости да помислам на тој свет настан: Ти си се родил, Ти си станал еден од луѓето за сите наши искушенија и слабости да ги споделиш и да ги земеш на Себе! Си дошол како мало Дете, подавајќи рака на светот за сите да може да сфатиме дека Ти нѐ љубиш. Мал Исусе положен во крилото на Марија знам дека знаеш за моите копнежи и стремежи и дека ти е позната наканата за која Те молам. Верувам дека сега ме услишуваш и Ти благодарам за тоа, Тебе Кој си Живот.
Мајко Маријо Примателка и Носителка на животот моли се за нас! Амин.
Трет ден
Оче наш, Радувај се Маријо Слава на Отецот…
Бог мој и сѐ мое! Моето срце денес се наоѓа во Назарет каде како дете Исусе си го поминал детството и растењето. Марија и Јосиф Те учеле да молиш и да работиш, Те воспитале во верата на татковците и во љубовта кон Светото Писмо. Каков бил тогаш твојот живот, твоите зборови, твоите мисли… Тоа го знае само Твојата Мајка затоа сега се предавам и посветувам на Неа. „ Кој искусил сè како и ние, освен грев…“
Те повикувам денес и Тебе Мали Исусе и Блажена Дева Марија заедно да ме воспитате мене! Во моето срце се наоѓа толку световност, а јас сакам тоа да биде твое. Вие научете ме да се молам, научете ме да живеам во љубовта и простувањето, во постојана благодарност за животот. Мало назаретско Детенце обнови го во мене моето детство, влези со својата милост во тој период и излекувај ги раните добиени тогаш. Мајко Маријо сѐ уште сум Твое мало дете затоа Те молам моето срце да го земе во своето и во Него да го очистиш и воспиташ. Мал Исусе Ти благодарам, Ти што ми помагаш во моите потреби!
Мајко Маријо Примателка и Носителка на животот моли се за нас! Амин.
СО ДЕТЕТО СВОЕ СВЕТАМ СЕКОЈ ЧАС; НЕКА МАРИЈА ДЕВА НЀ БЛАГОСЛОВИ НАС!
ПОСВЕТЕТЕ ГО СВОЕТО ДЕТЕ НА МАЛИОТ ИСУС
О, мал Исусе наш сакан Цар преку рацете на твојата Мајка полни со љубов, Тебе ти го посветувам (името) своето дете. Ставо го/ја под својата заштита, сочувај го/ја од болести и сите штетни влијанија. Чувај го/ја чист/а и дозволи тоа да може да расте како Тебе во милостите и крепостите пред Бог и луѓето. Мал Исусе благослови (име). Амин
Литанија во чест на Божественото Дете Исус
Господи помилуј – Господи помилуј
Христе помилуј – Христе помилуј
Господи помилуј – Господи помилуј
Христе слуш ни нѐ – Христе слуш ни нѐ
Христе услиши нѐ – Христе услиши нѐ
Оче небесен Боже – помилуј нѐ
Сине Спасителу на светот Боже – помилуј нѐ
Младенецу Исусе, вистински Боже, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, Син на вечниот Отец, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, Слово кое стана Тело, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, Оче на вечноста, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, желбо на народот, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, очекување на праведниците, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, возљубен на сите свети души, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, зачнат преку Светиот Дух, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, Кој не се двоумеше за крилото на Пресвета Богородица, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, Кој зема обличје на слуга (кажи ја наканата) помилуј нѐ
Младенецу Исусе, Кој ја посети Елисавета во прегратката на своја Мајка Дева, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, со желба од Марија и Јосиф исчекуван, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, од Девицата во Витлеем роден, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, во пелени повиен и во јасли положен, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, Кој го навестиле ангелите и пастирите го посетиле, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, во обрезанието ранет, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, на Кој му било ставено славното име Исус, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, на Кој му се поклониле мудреците, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, Кој во храмот Дева Марија го принесува, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, Кој го прогонува Ирод, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, Кој свети Јосиф со Мајка Му го поведе во Египет, помилуј нѐ
Младенецу Исусе, учител на понизноста и послушноста, помилуј нѐ
Јагне Божјо Кое ги земаш гревовите на светот, прости ни Господи!
Јагне Божјо Кое ги земаш гревовите на светот, услиши нѐ Господи!
Јагне Божјо Кое ги земаш гревовите на светот, помилуј нѐ!
Да се помолиме:
Боже Твојот Единороден Син се појави во наше човечко тело и спознавме дека надворешно ни е сличен. Дади Те молиме од внатре Духот да нѐ обнови. Преку Христос нашиот Господ. Амин.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк