Започна шестата седница на Кардиналскиот совет

Во понеделник 15 септември започна шестата работна средба на папата Фрањо со кардиналскиот совет, кој го формира Светиот Отец за да му помага во управувањето со Црквата и да подготви нацрт за реорганизација на Апостолската конституцаија ‘Pastor Bonus’, за Римската курија.

Работата на „советот на деветмината“, чиј што член стана и Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин со одлука на папата Фрањо, ќе трае до 17 септември. Претходните средби на кардиналите советници на Папата се одржаа: 1-5 октомври, 3-5 декември 2013 година, додека кардиналите оваа година се сретнаа од 17-19 февруари, како и од 28-30 април, а потоа и 1-4 јули.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот