Со Вечерна молитва во базиликата Свети Павле надвор од ѕидините, која ја предводеше папата Фрањо на 18 јануари 2019 година започна молитвената осмина за единство на христијаните. Молитвените текстови оваа годиа се подготвени од христијаните од Индонезија, земја која брои повеќе од 265 милиони жители и во која христијаните сочинуваат 10 % од населението. За христијаните во Индонезија, зборовите од Петтата книга Мојсеева „Праведен суд барај“ (16,20), кои воедно се и тема за оваа молитвената осмина оваа година, ги претставуваат нивното секојдневие.
Заеднички одговор на неправдата
Во теолошко – пасторалниот вовед, која за оваа прилика го подготви Папскиот совет за промовирање на единство на христијаните, стои дека во Индонезија корупцијата е присутна во различни облици, влијае на политиката и економијата и тоа често со разорувачки последици по околината; го поткопува правосудството и спроведувањето на законите. Оние кои треба да ја промовираат правдата и да ги штитат слабите многу често го прават токму спротивното, и како резултат на тоа, се зголемуваат разликите помеѓу богатите и сиромашните, па така земјата богата со ресурси страда заради скандалот на сиромаштво во кое живее голем дел од населението.
Христијанските заедници стануваат свесни за своето единство во заедничкото соочување и одговорот на неправдата – истакнува Папскиот совет за промовирање на единство на христијаните. Во исто време, соочени со тие неправди, должни сме како христијани да ги испитаме начините во кои можеби и ние сме биле вклучени. Само со слушањето на Исусовата молитва „да бидат сите едно“ (Иван 17,21), можеме да сведочиме живо единство во различноста. Преку нашето единство во Христос можеме да се бориме против неправдата и да се понуди она што е потребно на жртвите – стои во воведот на текстот за оваа година подготвен за Молитвената осмина за единство на христијаните.
Повикани на молитва
И оваа година – реча Папата на Генералната аудиенција одржана во среда – повикани сме да молиме како христијаните би се вратиле во едно семејство, во склад со Божјата волја која бара „сите да бидат едно“ (Иван 17,21). Екумензимот не е избор. Наканата ќе биде за развој на заедничко и доследно сведоштво во афирмација на вистинската правда и поддршка на најслабите преку конкретни, соодветни и корисни одговори – рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк