Започнаа духовните вежби за свештениците во Македонија

Започнаа духовните вежби за свештениците во Македонија

Во понеделник, 23 Септември 2019 година во просториите на Епископската резиденција во Скопје започнаа духовните вежби за свештениците од Струмичко – скопската епархија и Скопска бискупија. Духовните вежби ги предводи монс. д-р Ѓуро Храниќ, Ѓаковско – осиечки надбискуп.

На самиот почеток монс. д-р Киро Стојанов, се заблагоради на надбискупот Храниќ за неговата подготвеност да одржи духовни вежби за свештениците во Македoнија и му посака искрено добредојде.

Духовните вежби за свештениците ќе завршат во четврток, 26 Септември во попладневните часови.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот