Започнаа духовните вежби за Папата и членовите на Римската курија

Започнаа духовните вежби за Папата и членовите на Римската курија

Во недела 5 март 2017 година во домот Божествениот Учител во Арича, не далеку од Рим, започнаа духовните вежби за Папата и членовите на Римската курија.

Медитациите ги води патер Џулио Микелини фрањевeц, а темата за размислување е Исусовата мака, смртта и воскресението според Евангелието од Матеј. На 6 март 2017 година претпладне, по вчерашниот вовед, во првата медитација се размислуваше за исповедта на Петар и Исусовото одење кон Ерусалим.

Исусовиот живот и смртта не се авантуристички роман

Да се задржиш речиси на целата Мака според Матеј, ќе биде како да застанеш пред голема уметничка слика – ја погледнуваме во целина, но посебен впечаток на нас можеби ни остава еден детал. Спомнувајќи еден текст од 2010 година за неверојатната смртта на луѓе од историјата (Дино Балди: Morti favolose degli antichi), врз основа на толкувањата на Аула Корнелиус Челза и Базилида од Александрија, патер Микелини рече дека во таа книга Исусовата смрт се наоѓа во категоријата на „привидна“ смрт.

Но, кога Исусовата смрт навистина би се сметала за „привидна“, не само што ќе пропадне целата христијанска смисла, туку „привиден“ тогаш би бил целиот Исусов живот; не само неговата смрт, туку и неговиот живот би бил привидност – предупреди патер Микелини. Напротив, во Евангелијата ни се кажува дека Исус навистина умрел и дека неговиот живот не е авантуристички роман. Затоа секоја медитација поаѓа од толкувањето на еден дел од евангелието според Матеј за маката, смртта и воскресението, имајќи го на ум Исусовото делување во Галилеја.

Потребна е нова евангелизација

Овие денови сите можеме да се сметаме за вклучени во група на оние кои треба да бидат повторно евангелизирани – рече патер Микелини. И тоа не затоа што спаѓаме во оние кои не го познаваат Исуса, а не сме ниту меѓу крстените луѓе кои не ги живеат обврските од Крштението, туку заради тоа што новата евангелизација е смислена пред сѐ за да ги разгори срцата на верниците кои редовно посетуваат заедница. Вие драги браќа сте во центарот на таа евангелизација – им рече патер Микелини на Папата и на членовите на Римската курија – и во ова време сме повикани да се одвоите и да молите.

И мене ме обзеде страв, но се доверува на Светиот Дух

Патер Микелини во своето размислување појде од личното искуство, потсетувајќи и на искуството на свети Фрањо. Томасо Челано, имено проповеда дека свети Фрањо, кога проповедал на папата Хонориј III и кардиналите бил во голема неизвесност заради стравот дека би можел да биде потценет заради својата едноставност. Малку обземен од стравот, сега овде, најмногу сум јас – рече патер Микелини и додаде: ќе направам сѐ што можам, а каде што нема да можам ќе дојде Духот.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот