После нејзината смрт многу луѓе сведочеле за тоа како гледале прекрасна девојка во бело во придружба на ангели како оди кон небото.
Света Жермен Коузан е родена 1579 година во местото Прибрец во близина на Тулуз. На свет доаѓа со деформирана и делумно парализирана десна рака, а подоцна заболува од скрофула, болест заради која цел живот имала грд оток на вратот. Инаку, од оваа болест заболувале луѓе со ослабен имунитет, ниска телесна тежина и оние кои живеат во лоши услови за живеење, пренесува Алетеиа.
Мајка и умира кога имала 4 години, после тоа татко ѝ Лаурент Коузин повторно се жени, а маќеата кон нејзе се однесувала нечовечки. Својата нетрпеливост кон девојчето ја покажала веднаш штом се запознале. Ја присилувала да спие во шталата со животните и ѝ давала премалку храна. Жермен не смеела да влегува во куќата и да контактира со останатите членови од семејството. За жал, таткото никогаш не застанал во нејзина одбрана.
Луѓето ја исмејувале, но Жермен, и покрај своето страдање, кон сите се однесувала со големо внимание и љубов и секако им простувала. Еднаш својата и онака скромна порција храна ја поделила со еден просјак. Непрестано молела Бројаница, единствената молитва што ја познавала, и негувала голема љубов кон Мајка Божја. Секојдневно одела на света Литургија и се молелела пред Пресветата Евхаристија.
Жителите на Прибрец уште за време на нејзниот земски живот сведочеле за голем број чудеса. На патот кон црквата имало поток кој во врнежливите денови се претворал во опасна река, која не било возможно да се премине. Меѓутоа, кога пред надојдениот поток се појавувала малата Жермен и почнувала да моли, потокот се раздвојувал за девојчето да може да отиде на Литургија.
Умира на 22 година од животот од неихранетост, а пронајдена е во состојба како лежи мртва на куп гранчиња. После нејзината смрт многу луѓе сведочеле како гледале прекрасно девојче во бело и како со придружба на ангели одела кон небото. Жермен Коузан е канонизирана на 29 јуни 1867 година. Се смета за заштитничка на децата, лица со инвалидитет и напуштени, а нејзиниот спомен ден е на 15 јуни.
Битно.нет/к.мк