Запознајте го светецот – заштитник на Светскиот ден на млади: 14 годишниот Хозе Санчез дел Рио

Запознајте го светецот – заштитник на Светскиот ден на млади: 14 годишниот Хозе Санчез дел Рио

Светскиот ден на млади кој се одржа во Панама се наоѓаше по небесна заштита и застапништвото на осум блажени и светци на Католичката Црква. Ви пренесуваме текст за најмладиот меѓу нив, 14 годишниот Хозе Санчез дел Рио.

Четиринаесетгоднишникот од Мексико Хозе Санчез дел Рио при посетата на гробот на блажениот маченик Анаклет Гонзалез Флорес му се заветил на Бог дека ќе умре во одбрана на верата. Убиен е на 10 февруари 1928 година викајќи: „Да живее Христос Цар! Да живее Блажената Девица од Гвадалупе!“

Секој не е храбар, но тие кои немаат храброст можат да се запрашат дали тоа не е посебна благодат која не може да се купи или на другите да им се продаде. Хозе Луис Санчез Дел Рио и покрај тоа што бил дете секогаш бил храбар. Кога имал 14 години го посетил гробот на блажен Анаклета Гонзалеза Флореса, убиен заради своето непоколебливо исповедување на верата – за да ја испита својата храброст во сведочењето на Исус дури и со својата смрт. Повод за тоа навистина не недостигал затоа што тие биле години на војната запаметена како „Guerra Cristera“ и отпорот на мексиканските католици која се создала како реакција на антирелигиските закони кои владата ги воведува прво за да ја понижи, а потоа и отворено да ја прогонува Црквата.

Хозе е роден на 28 март 1913 година и со нешто повеќе од десет години веќе бил апостол меѓу своите врсници, учејќи ги да се молат и собирајќи ги во црквата на Обожавање на Исус во Пресветата Евхаристија. Со избувнувањето на „Guerra Cristera“ во 1926 година неговите двајца постари браќа заминале во народната војска која се обидувала на Мексико да му ја врати верската слобода. Хозе не стапил во војска заради своите млади години, меѓутоа една година подоцна станува заменик во логорот, а потоа заставник кај генералот Луис Гизара Морфин. Во текот на крвавите битките на 6 февруари 1928 година кога бил убиен коњот на генералот, малиот Хозе му го дава на генералот својот коњ за да му помогне да побегне, затоа што сметал дека животот на генералот е „многу покорисен“. Освен тоа Хозе пукајќи со својата пушка му го штител грбот на генералот сѐ до последниот куршум. Набрзо после тоа момчето целосно не вооружено паѓа во рацете на војниците од федералната војска кои за да го исмејат, го затвориле во крстилницата на црквата која била претворена во затвор за „Cristerose.“ Од крстилницата на црквата одекнувало пеење и гласна молитва на затворениците, па и тогаш кога сите ги навредувале, тепале и свирепо ги злоупотребувале.

За младите Хозе не е спроведена никаква судска постапка, туку неговите киднапери се обидувале да го наговорат да се откаже од својата вера и му ветиле освен слобода и пари во изобилство и брилијантна воена кариера, па дури дека ќе продолжи да живее во САД. Хозе сите тие понуди решително ги одбил извикувајќи: „Да живее Христос Цар“, „да живее Девицата од Гвадалупе.“ На 10 февруари откако малиот Хозе успеал да ги увери родителите да не го платат неговиот откуп кој го барала владата и откако успеал тајно да прими света Причест која му ја донесува тетка Магдалена, војниците го истуриле на него целиот свој бес: полека му ја лупеле кожата од табаните, го натерале да трча во салата без чевли и да оди по патот до гробиштата кој бил посеан со сол. Малиот Хозе кој го туркале и тепале како што тоа го правеле и со Исус на патот до Голгота, бил целиот во крв, но и понатаму ги извикувал зборовите на својата вера. На гробиштата сакале да го погубат без звукот на истрелот, но наредникот огорчен од неговото постојано повикување на Христос го застрелува со пиштол.

Сеќавањето на „христијанското дете“ останува непроменето во Мексико во текот на последните 80 години, папата Фрањо го прогласи за светец на 16 октомври 2016 година.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот