Запалено Витлеемското светло на мирот

Запалено Витлеемското светло на мирот

Витлеемското светло насекаде во светот е симбол на мирот. Традиционално на Првата недела од Божиќниот пост австриски извидници одат во Витлеем и го палат светлото на мирот во Пештерата на Исусовото раѓање и го донесуваат во Виена.

Во Виена светлото го преземаат извидници од целиот свет и го пренесуваат во своите држави, градови, институции, верски институции, домови и така светлото на мирот се шири по светот.

Оваа година светлото го запали деветгодишната Мариjа Кури од Витлеем, во Тел Авив го однесе снимателот Валид Камар од Ерусалим, а до Австрија е проследено со авион. Во Линц пак на 16 ноември го Томас Стелзер и директорот на ORF Курт Рамерсторфер.

Оваа година Витлеемското светло ќе биде делено од салсбуршката катедрала на 12 декември во текот на екуменското славење на почетокот во 14 часот на кој ќе присуствуваат надбискупот Франц Лакнер, претставници на Евангелската и Православната Црква и уште 50 луѓе.

Како што пренесува ИКА сѐ уште не е утврдено на кој начин Витлеемското светло на мирот оваа година ќе патува во Европа и светот.

Додаваме дека овој обичај е воспоставен во 1986 година, а од 1989 година учествуваат во него и движењето на извидниците. Витлеемското светло на мирот потсетува дека луѓето со добра волја едни на други си сакаат мир и добро и задача на сите луѓе е да шират мир меѓу луѓето.

Недјелја/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот