На 2 јуни 2021 година директорот на Радио Марија о. Гоце Костов во просториите на радиото во Струмица го прими во посета заменик амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија г-дин Ернесто Ередеро дел Кампо.
Во пријатна и срдечна атмосфера о. Гоце Костов го запозна заменик амбасадорот г-дин Ернесто Ередеро дел Кампо со почетоците на Радио Марија на овие простори, условите за работа, програмската шема, како и за важноста на медиумите и нејзината улога за доброто на општеството.
Од своја страна заменик амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, г-дин Ернесто Ередеро дел Кампо зборуваше за дипломатската мисија на Кралството Шпанија во Македонија и нејзините активности, а во фокусот беа активностите од областа на културата.
Средбата заврши со посета на парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица.