Од 21 до 24 април 2025 година, Заедницата Missio ad Gentes од Куманово ходочестеше во Турција, каде ги посетија најважните места во овој регион. Посебна чест претставуваше посетата на куќата на Пресвета Богородица во Ефес, каде ходочесниците имаа и света Литургија.
Ходочестието го предводеше дон Игор, презвитер во Missio ad Gentes во Измир, кој на секое од посетените места, објаснуваше и држеше катехеза од Откровението на свети Иван Богослов.
к.мк