Задушницата е споменден за сите верни покојни на кои се сеќаваме со љубов и почит, споменден на наши мили и сакани луѓе кои во времето ни претходеле со сведочење на верата, а сега почиваат во мирен сон, очекувајќи ја конечната награда од својот Спасител. На овој ден си спомнуваме на сите оние кои преминале во верата на Божјиот Син, но сѐ уште не дошле до полнотата на блаженството во кое може да влезе само оној кој потполно ја избелил облеката на своето битие во крвта на Јагнето Божјо, за да може да седне на свадбената трпеза во неговото Царство. Тоа се оние за кои сѐ уште целосно не се остварило она што рекол Исус: Блажени се чистите по срце, тие ќе го гледаат Бога, бидејќи останало уште дамки на нечистотија на нивните очи, кои ги отргнуваат сносувајќи ги последиците на пропустите, недостатоците и гревовите кои ги направиле за време на овоземскиот живот.
Не е реткост ние во овој свет да одиме како слепци кои не ја гледаат божествената реалност околу себе, туку сме зафатени со својата работа. Речиси претпоставуваме дека нормално е Бог да ни го подарува вечниот живот, да ни го открие своето татковско лице, како да е Тој кој се сокрива, наместо ние да тргнеме од претпоставките дека ние на земјата лошо, површно и без интерес го бараме Божјето лице, па дури после смрта дека мора да ги сносимее последиците заради тоа, мора да го лекуваме нашиот поглед и да ги оттргнеме дамките на несвесноста и млакоста во која сме живееле на земјата.
И навистина, Бог не се крие од нас, ниту пак се крие од душите кои го бараат, па илоузорно е дека некој кој за време на земскиот живот не го барал ќе може одеднаш да застане пред неговото лице, како тоа да е сосема нормално. Напротив, Бог ни се открива потполно. И тоа не само во идниот вечен живот кој го осчекуваме, туку и во овој сегашниот во кој го стекнуваме идниот. И бесмислено е да го замислиме гледањето на Бога и уживањето во Божјата слава како нешто што ни припаѓа по инерција на природата, туку тоа е Божји дар кој нé исполнува веќе од постоењето овде на земјата, за да би ја достигнале својата полнота во небесата. Затоа неопходно е да се радуваме на гледањето на Божјето лице како исклучителен дар со кој Господ сака да нé обдари нас луѓето.
Затоа, ако нешто не ми припаѓа, а тоа можам да го стекнам, тогаш неопходно ми е да се потрудам за тоа. Исто така, ако нешто не ми припаѓа и тоа со ништо не можам да го стекнам, но евентуално можам да го примам како дар, тогаш тоа не значи дека за тоа не треба да се потрудам, т.е. да живеам на тој начин за да бидам достоен да го примам овој дар. Уште повеќе, пред оваа реалност ние треба да се потрудиме и многу повеќе отколку пред тоа што можеме да го стекнеме, да не го отфрлиме дарителот на дарот, за да на некој начин да ја оправдаме неговата доверба преку која сака да нé обдари. Тоа на посебен начин се однесува кога се работи за дарот на личноста до другата личност преку пријателство и љубов: Јас со ништо не можам да го заслужам Божјото пријателство, бидејќи Бог во сé ми претходеше. Тој ми го понудил пред воопшто да го заслужам, но во моја моќ е да го прифатам или да го одбијам, т.е. да се однесувам како достоен на понудениот Божји дар. Ако сум го прифатил Божјиот дар и неговото пријателство, тогаш ми се случило нешто сосема убаво и позитивно за мојата природа, што не можам да го оправдувам дека тоа е моја заслуга, бидејки она што не сум можел да го стекнам или да го добијам врз основа на заслугата, но сум можел да дејствувам или да бидам благодарен примајќи го или неблагодарен одбивајќи го овој дар.
И додека денес се молиме за нашите блиски покојни едно е сигурно: Не е во прашање Божјата љубов за секој човек со која сака да ни даде радост да уживаме за целата вечност гледајќи го неговото лице. Во прашање е нашиот живот пред него, како и состојбата во која нé затекнува свршетокот на земскиот живот. Затоа пораката од овој ден е двократкна:
Првата порака и поттик е да се молиме за нашите покојни кои сѐ уште се во состојба на прочистување од нивните слабости и гревови, недостатоци и несовршености, со кои самите себе се лишеле од можноста веднаш да го гледаат лицето Божје, бидејќи не биле со чисто срце. Во состојбата во која се наоѓат сигурно сега тоа горливо го посакуваат. Сега ја разбираат тежината на нивната човечка површност и слабост, тежината на разделеноста од Бога, изворот на животот, бидејќи на земјата тешко ни оди на нас луѓето да ја разбереме во голема радикална мерка, па и не ни е тешко што не го гледаме и не знаеме да бараме. И додека копнеат за Бога како нивно целосно остварување, страдајќи што тоа целосно не го оствариле и на земјата, не можат на друг начин самите на себе да си помогнат туку само со тоа прочистување преку страданијата, додека не дојдат во чиста состојба, состојба на чисто срце, за да можат да застанат пред лицето Божје, ослободени од сите нечистотии и несовршености, живеејќи исклучиво од неговиот сјај. Но, затоа ние можеме да им помогнеме со нашите молитви и жртви, со цел нивната желба за Бога да се исполни што е можно побргу.
Втората порака е за нас кои сме на земјата, да живееме на начин на кој Господ од нас очекува, како ревни верници, горливо посакувајќи го својот Отец уште на земјата и што е можно подобро да га запознаеме и горливо да го љубиме. А меѓувреме, живеејќи со таков интензитет на љубов кон Бога најдобро ќе им помогнеме на нашите покојни, бидејќи нашиот Бог и Отец не може да не ги услиши молбите на молитвите кои му ги испраќаме со чисти срца.
Затоа да го чуваме нашето срце чисто, бидејќи со гревот го отфрламе Божјиот дар кој има вечни димензии. Со гревот си ги затвораме очите со гнасни дамки пред лицето на сопствениот Отец, па затоа Господ Исус сака да се придржуваме до блаженството за чистота на срцето, како и сите останати блаженства, за да би стекнале предуслови за поседување на небесното наследство. Овој свет споменден на нашите покојни нека биде поттик да ја разбудиме свеста за заедништво помеѓу нас и нив, за заедништво и помагање, кое и нас и нив ќе нé води кон вечното остварување на радоста во гледањето на лицето Божјо.
Вера и Дела/З.А.