Задушница

Задушниците се денови посветени за упокоените верници и секогаш се во сабота. На тој ден Црквата препорачува да се присуствува на света Литургија, во која се спомнуваат упокоените, а потоа и да се посетат гробовите на нашите блиски упокоени. При тоа гробовите треба да се достојно уредени и исчистени и трпеливо да чекаат свештеникот да дојде и во име на Црквата заедно со присутните да се помолат за душата на упокоениот. Непотребно е на гробовите да се носи храна, бидејќи нашите покојни единствено имаат потреба од молитва. Храната има единствено смисла ако се дарува на сиромашни и оние во потреба, односно вршење на дела на милосрдието. Но тоа може да се направи и на било кое друго место.

Оние кои не се во можност да појдат на гробишта, поради некоја сериозна причина нека се обидат да присуствуваат на света Литургија во најблиската Црква. Ако пак се спречени да присуствуваат и на света Литургија, тогаш најмалку што треба да направат е во текот на денот да појдат во најблиската Црква и да се помолат за душите на упокоените. Ние христијаните кои привремено престојуваме на земјата сме повикани да молиме за душите на упокоените. Ако ние не се молиме за нашите блиски упокоени, тогаш кој треба да се моли за нив? Како тогаш би можеле да очекуваме нашите деца да се молат за нас.

Постојат два вида задушници: општи ипосебни. Посебните задушници ги одредуваат семејствата во спомен на нивните упокоени блиски, а општите задушници ги одредува Црквата, молејќи се за сите свои покојни верници. Секоја сабота, Црквата во своите молитви се моли на сите светци, спомнувајќи ги упокоените верници.

к.мк/го*ко

За авторот