Заврши XVI состанок на Кардиналскиот совет
Во Ватикан, на 14 септември 2016 заврши состанокот наКардиналскиот совет, составен од девет кардинали, кој започна во понеделникот на 12 септември. На заседанието присуствуваа сите членови на Советот, освен конгоанскиот кардинал Лорент Монсењо Пасинј, надбискуп на Киншаса, отсутен поради пасторални причини.
Светиот Отец учествуваше на сите седници, освен на онаа на 14 септември поради истовремено одржување на Генералната аудиенција, рече на брифингот за новинарите Грег Бурке, директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
На дневниот ред на тридневното заседание се разговараше за делувањето на одредени дикастерии на Римската курија, со цел подобро служење на посланието на Црквата. Особено внимание се посвети на трите Конгрегации: за свештенство, бискупи и католичко образование, како и за Папскиот Совет за промовирање на единство меѓу христијаните.
Кардинал Марк Квелет, префект на Конгрегацијата за бискупи, учествуваше на една од седниците, известувајќи за работата на оваа конгрегција како и за работата ма Папската комисија за Латинска Америка. Кардиналите дискутираа за посакуваниот духовен и пасторален профил на бискупите денес. Потоа разговараа за концептот на дипломатската служба на Светиот Престол, формацијата и задачата на Апостолките нунции, посебно потенцирајќи ја нивната голема одговорност во изборот на кандидати за епископски чин.
Советниците се посветија и на темата „ѓаконска правда“ и на досието за улога на Папскиот совет за промовирање на единство на христијаните. Советот исто така ги разгледуваше и најновите чекори во процесот на реформа на Римската курија, особено структурата на новата Дикастерија за челокупен човечки развој.
Секретаријатот на комуникации го предаде документот за продолжување на реформите во одделот за комуникација. Кардинал Георг Пел, претседател на Секретаријатот за Економија, извести за најновите активности, а кардиналот Сеан О’Малеј достави извештај за работата на Папаската комисија за заштита на малолетниците, со која претседава. Најавена е следната седница на Кардиналскиот совет, која ќе се одржи од 12 до 14 декември 2016. Советниците во понеделник и вторник служеа утринска света Литургија со Светиот Отец во домот Света Марта – напомена Бурке.
РВ/к.мк